Горивна криза во Србија: НИС од утре го прекинува снабдувањето за граѓаните
13.01.2026
05.01.2026
22.12.2025
17.12.2025
12.12.2025
12.12.2025
25.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) остро реагира на одлуката на Владата минималната плата да остане 397 евра до март 2026 година, со минимално усогласување од едвај 1.600 денари. Од ССМ предупредуваат дека Македонија веќе е убедливо последна во регионот по износ на минималната плата, додека сите соседни земји најавуваат значајни и конкретни растови.
Во Косово, минималната плата се зголемува од 350 на 500 евра во две фази до јули 2026. Во Албанија, од 1 јануари 2026 година, минималците ќе земаат 500 евра, а Владата дополнително ќе покрива осигурување за приватниот сектор — токму она што ССМ го бараше. Србија веќе ја крена минималната плата на 500 евра, а од 2026 ќе биде 550.
Во Република Српска минималната плата ќе се движи од 512 до 743 евра, зависно од степенот на образование. Во Босна и Херцеговина минималната плата за 2025 година изнесува 511 евра, додека во Црна Гора достигнува 600, односно 800 евра за работници со високо образование.
Во таков контекст, велат од ССМ, е „жалосно и понижувачки“ што Владата има поддршка од дел од работодавачите и од синдикатот КСС, кој – според објавата – е туркан да стане репрезентативен само за да го блокира зголемувањето на платите. „Како папагали повторуваат дека треба само да се почитува законот“, реагираат од ССМ.
Синдикатот потсетува дека организирал низа протести и дека ќе продолжи со притисок, предупредувајќи дека игнорантскиот однос на работодавачите може да доведе до генерален штрајк. „Денеска имаме Влада, газди и КСС кои стојат на една страна – против работниците, задоволни што Македонија има најниска минимална плата во регионот“, стои во соопштението.
Од ССМ додаваат дека функционерските плати не се намалени и остануваат зголемени за 79%, додека пратениците со над 2.000 евра месечно ќе дискутираат за Буџетот за 2026 и ќе „убедуваат дека работниците со 397 евра добро живеат“, иако токму тие имаат моќ да ги променат законите.
„Затоа се бориме“, порачува ССМ.
Се бориме затоа што работникот заслужува достоинствена плата.
Се бориме затоа што регионот оди напред, а Македонија ги турка работниците назад.
Се бориме затоа што без работник – нема економија.
Се бориме затоа што 397 евра не се живот, туку борба за преживување.
И битката продолжува – сѐ до зголемување на минималната плата и достоинство за секој работник.
Најновите 10 вести од оваа категорија
И оваа зима, скопјани ја делат истата судбина – долги чекања, нередовен превоз и студ по автобуските постојки, без јасна...
Државата излегува на меѓународниот пазар на капитал со две нови еврообврзници во вкупен износ од една милијарда евра, дознава Пари....
Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...
На повисоките падини на Кораб во Северна Македонија расте Galanthus subalpinus, деликатниот цвет од фамилијата кокичиња откриено и именувано во...
Жена од Скопје била лишена од слобода откако физички нападнала полициски службеник и му упатувала закани пред Полициската станица Гази...
Жителите на селата Отовица, Новачани, Кумарино, Сујаклари, како и целиот потег околу Велешкото езеро (Младост), се соочуваат со вистинска инфраструктурана...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...
Автомобилската и мотоциклистичка сообраќајна служба (АМСМ) информира дека од 14:10 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила...
Двајца малолетници на возраст од 16 години од Скопје се лишени од слобода откако не застанале на полициска патрола, со...
На 08.01.2026 во 23:45 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во викенд куќа во с.Горна Ѓоновица, гостиварско, се пронајдени...