Skip to content

Снег среде пролет – силна бура го зафати Балканот

1 мин. читање
Сподели

Силна снежна бура го зафати Балканот среде пролет, предизвикувајќи хаотични услови на патиштата и невообичаени зимски сцени во март.

Србија беше особено погодена – снегот вееше како среде јануари, а градовите беа прекриени со бела покривка. Алармот беше вклучен со зголемен интензитет на снежните врнежи, а сообраќајот беше значително отежнат.

Црна Гора исто така се најде под бел покрив, со приморјето на удар на невреме. Планските премини во регионот беа покриени со густ снег и намалена видливост.

„Силната снежна бура на Балканот започна и ќе продолжи да се шири”, изјави метеорологот Славчо Попоски, предупредувајќи дека временскиот систем ќе продолжи да се интензивира низ поширокиот регион.