Штип со свеќи и ѕвездено небо им оддаде почит на жртвите од Пулс
17.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Македонското Министерство за надворешни работи попладнево ја потврди информацијата од Софија дека се остварил телефонски разговор меѓу шефовите на дипломатиите на Северна Македонија и Бугарија, во кој била отворена темата за снабдувањето со мазут и актуелната енергетска состојба во земјава.
Како што соопшти МНР, разговорот го воделе министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и неговиот бугарски колега Георг Георгиев, при што Бугарија понудила помош за надминување на проблемите со енергенсите.
„Министерот Муцунски изрази благодарност за понудената помош, при што нагласи дека во моментов нема потреба од дополнителна поддршка, бидејќи состојбата е стабилна“, информираат од Министерството за надворешни работи.
Во исто време, Муцунски му порачал на Георгиев дека Северна Македонија останува подготвена да ѝ помогне на Бугарија, доколку таму се појави потреба од ваква или слична поддршка, што од МНР го оценуваат како гест на добрососедство и взаемна солидарност.
Понудата за помош од Бугарија доаѓа само еден ден откако македонската Влада донесе одлука за прогласување кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на државата, во времетраење од седум дена. Одлуката беше донесена поради отежнатата набавка на енергенси и ризиците за стабилноста на енергетскиот систем.
Иако официјално институциите уверуваат дека состојбата е под контрола, разговорот меѓу Скопје и Софија укажува дека енергетските предизвици остануваат тема од висок регионален интерес, особено во услови на блокади, санкции и нестабилни пазари на енергенси.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Година по трагедијата, штипјани поставија камен-темелник за спомен-обележје за петте загинати граѓани. И Куманово одржа комеморација.
Поранешниот обвинител зборува за недостиг на кадри, возила и простории при истрагата за пожарот во кој загинаа 63 лица. Изразува...
Независниот синдикат тврди дека 90% од војниците живеат во необновени објекти стари 35 години, додека министерот промовира реновирани касарни.
Извршниот одбор на СДСМ покрена постапка за исклучување на поранешниот градоначалник на Скопје. Партијата го обвинува дека работи за ВМРО-ДПМНЕ.
За изборот на судијата од Основниот кривичен суд се потребни 61 глас. Советот на обвинители даде позитивно мислење за четири...
Од вторник до петок Македонија ќе биде под влијание на ладен циклонски систем со врнежи и засилен ветер.
Амбасадата најави нов лет, додека досега 458 патници беа евакуирани со четири летови од Блискиот Исток.
Скопје се збогува со Драган Пароски, познатиот продавач кој и тоа што го немаше го делеше со уличните кучиња.
Полицијата спроведе интензивна контрола на моторџиите во Скопје со 91 казна и одземени мотоцикли.
ЕВН и Водовод најавија планирани прекини во Карпош, Ѓорче Петров, Кисела Вода и околината на Железничка.