Skip to content

Србите поделени околу ЕУ – поддршката падна под 40 проценти

1 мин. читање
Сподели

Србите се длабоко поделени околу членството во Европската Унија, покажува анкета на Центарот за европски политики (ЦЕП) спроведена на 1.000 испитаници од 19 јануари до 2 февруари.

Само 39,8 проценти го поддржуваат членството во ЕУ, 33,8 отсто се против, а 26,4 проценти се неодлучни. На евентуален референдум, 41,6 проценти би гласале „да”, а 32,4 отсто „не”.

Доверба има малку – 41,6 проценти сметаат дека ЕУ ги приоритизира своите политички и економски интереси наместо демократијата, а 41,8 отсто веруваат дека Унијата ја сака Србија заради литиумот и природните ресурси. Дури 43,9 проценти мислат дека ЕУ повеќе се грижи за санкциите против Русија отколку за српската демократија.

Само 6,9 отсто веруваат дека Србија ќе влезе во ЕУ пред 2030 година, додека 23,9 проценти сметаат дека тоа нема да се случи никогаш. Најголема поддршка покажуваат младите од 18 до 29 години, а најмала лицата над 60. Важен податок е дека повеќе од четири години не е отворено ниту едно ново преговарачко поглавје.