Битола го уредува запуштениот простор зад СВР - нови паркинзи низ градот
19.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Српската влада во строга тајност основала заедничка компанија со фирмата на Џеред Кушнер – зетот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп – за изградба на луксузен хотелско-станбен комплекс во самиот центар на Белград. Ова го откри независниот медиум „Радар“, кој објави протечени документи за проектот вреден стотици милиони евра.
Според документите, фирмата „Атлантик инкјубејшн партнерс“ на Кушнер ќе поседува 77,5% од акциите, додека српската влада ќе има 22,5% удел. Заедничкото вложување било формирано во 2024 година, но јавноста дозна за него дури сега – откако парламентот усвои специјален закон што овозможува уривање на објектите на поранешниот Генералштаб.
Планот предвидува изградба на три модерни кули со височина од 135 метри и површина од 280.000 квадратни метри, со што просторот би станал еден од најголемите приватни градежни зафати во историјата на Србија. Медиумите веќе шпекулираат дека во центарот на Белград ќе никне таканаречена „Кула Трамп“.
Локацијата е особено чувствителна: тоа е објектот на Генералштабот, тешко оштетен при НАТО-бомбардирањето во 1999 година. И покрај неговото историско, симболичко и архитектонско значење, Србија се обврзала да ги урне сите постојни згради, да ја укине културната заштита и да го расчисти теренот, а земјиштето да го даде под 99-годишен закуп на компанијата на Кушнер – со можност подоцна да премине во сопственост.
И покрај тоа што претседателот Александар Вучиќ го поддржува проектот и го промовира како „голема инвестиција“, јавноста е длабоко поделена. Правни експерти, архитекти и дел од јавноста предупредуваат дека:
се руши архитектонско дело со голема историска вредност, проектирано од модернистот Никола Добровиќ,
процесот е нетранспарентен,
државата презема финансиски и правни обврски без јавна дебата,
одлуката се носи со специјален закон за да се избегнат процедури за заштита на културното наследство.
Српската влада досега не ги демантираше документите што протекоа во јавноста.
Доколку роковите се испочитуваат, Србија има обврска до мај да ги урне објектите на Генералштабот, што отвора бројни прашања:
– Дали државата ги става приватните интереси пред културното наследство?
– Дали договорот е економски исплатлив за Србија?
– И конечно: дали Белград добива нов архитектонски симбол или го губи едно од најзначајните места од поновата историја?
Проектот продолжува да ја тресе српската јавност, а расправијата околу иднината на локацијата на Генералштабот допрва ќе се заострува.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Професорот од Џонс Хопкинс смета дека иницијативата за фазен пристап цели забавување на проширувањето, а ЕУ-курсот на Србија е фарса.
Масовно иселување од Косово поради економска криза, додека формирањето на воениот сојуз Приштина-Загреб-Тирана предизвикува прашања за регионалната стабилност.
Српскиот министер за внатрешни работи ја обележа годишнината од погромот врз Србите на Косово и Метохија со силна порака и...
Техеран предупреди дека Романија ќе сноси меѓународна одговорност доколку дозволи САД да ги користат нејзините бази за операции против Иран.
Српскиот претседател одби да прими критики од хрватскиот колега за воорожувањето на Србија.
Претседателката на српскиот парламент ги брани набавките на ракети и укажува дека земјата е во црвена тревога од 1999 година.
Белград стана првата европска држава со кинески ракети CM-400AKG, а Хрватска го покрена прашањето во НАТО.
Српскиот претседател тврди дека тројниот воен сојуз чека поволен геополитички момент за напад, додека Белград рекордно ги зголемува одбранбените трошоци.
Србија стана прва европска земја која ги набави кинеските CM-400 ракети со дострел до 250 км и брзина Мах 4,5,...
Српскиот претседател Вучиќ ги обвини хрватската разузнавачка служба СОА за организирање протести во Србија, а хрватскиот премиер Пленковиќ остро ги...