Муцунски: Кочани ја покажа вистинската сила на дипломатијата - 115 пациенти добија помош во Европа
14.03.2026
14.03.2026
14.03.2026
14.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Наместо заминување во странство, работа, живот и перспектива во Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека државата може и мора да биде место каде што граѓаните ќе живеат и ќе заработуваат без чувството дека се „дојденци“.
Како што истакна, Владата има јасна цел – да создаде подобри услови за живот и работа во земјата, за младите и за оние кои размислуваат за враќање од странство.
„Тука може да се живее и да се работи и заработи многу подобро отколку таму, каде што секогаш го имате чувството дека сте дојденци. Можеби звучи грубо, но тоа е реалноста. Сум бил, сум видел, сум имал можности, но чувството на припадност и љубов кон татковината ме врати назад“, рече Мицкоски.
Премиерот нагласи дека Македонија е заедничка татковина на сите нејзини граѓани, без оглед на етничката припадност, и дека таа порака мора јасно да се слушне.
Во своето обраќање, Мицкоски остро се осврна и на, како што рече, „нихилистички настроени групи“ кои создаваат токсична атмосфера и вршат притисок врз луѓето што сакаат нормален и пристоен живот во земјата.
„Постои талог во општеството на кој сè му смета – дури и фризурата на другиот. Таа токсичност создава притисок кој не секој може да го издржи, па луѓето велат: се пакувам и си одам. Не треба граѓаните да бидат жртви на таков бран негативизам“, порача премиерот.
Според него, ваквиот нихилизам често е присутен и во политиката, кај партии кои, како што рече, немаат реални политики, туку само порака дека „овде ништо не чини“.
Мицкоски нагласи дека Владата паралелно работи и на создавање услови за враќање на иселениците, како и на подобрување на квалитетот на живот во земјата, со цел Македонија да стане вистинска алтернатива за живот, а не само место од кое се заминува.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...
Сојузот на синдикати организираше масовен протест барајќи 600 евра минимална плата, откако Владата го одби барањето, а ССМ го одржува...
Министерството за надворешни работи склучило договор за евакуација на вредност од 59,8 милиони денари (972.000 евра). Четири летови, 458 евакуирани...
Министерот за животна средина потврди дека ќе се организира јавна расправа за обновување на А-дозволата за Фабриката Усје, откако граѓанската...
Речиси третина од онлајн-купувачите во ЕУ наишле на проблеми при набавки преку интернет. Во Македонија, 29,41% пријавиле тешкотии - под...
Сојузот на синдикатите на Македонија организира протест утре во центарот на Скопје. Маршот ќе помине низ централните улици и ќе...