Муцунски: Кочани ја покажа вистинската сила на дипломатијата - 115 пациенти добија помош во Европа
14.03.2026
14.03.2026
14.03.2026
14.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Стручна комисија ќе проверува дали починатото новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) било соодветно лекувано. Комисијата ќе ја формира Министерството за здравство, по иницијатива на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), откако вчера беше извршен вонреден инспекциски надзор на Клиниката.
Според ДСЗИ, причините за смртта на новороденчето од Арачиново, кое починало на 1 октомври – само три дена по раѓањето, се отежнато дишење и сериозни компликации на белите дробови и другите витални органи. Бебето претходно, на 29 септември, било двапати реинтубирано.
– На 1 октомври се влошила состојбата на детето, по што биле повикани детски кардиолог и детски хирург. Поставен е дрен поради масивен пнеумоторакс, а извршен е и ултразвучен преглед на мозок со наод на едем на мозокот. Поради тешката состојба е пристапено кон кардио-пулмонална реанимација, но без успех – изјави директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов.
Причината за смрт, според него, е масивен пнеумоторакс, белодробен емфизем, едем на мозокот и кардиореспираторна инсуфициенција. Побарана е и обдукција на Институтот за патологија при Медицинскиот факултет во Скопје, но извештајот сè уште не е готов.
Сепак, во извештајот на интерната комисија за квалитет при Клиниката се наведува дека критичниот ден била донесена одлука за реинтубација од страна на дежурен педијатар, при што постапката била неуспешна, траела околу 20 минути и наводно довела до оштетување на грлото на новороденчето. Овие наводи биле писмено пријавени и од началничката на Интензивна нега до директорката на ГАК.
И покрај тоа, од ДСЗИ велат дека во работата на Клиниката засега не се утврдени недостатоци. Паралелно, случајот го истражува и Основното јавно обвинителство – Скопје, кое отворило предмет, а семејството на починатото бебе најави и приватна тужба.
Клучни одговори се очекуваат од резултатите од обдукцијата, која сè уште е во тек.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...
Сојузот на синдикати организираше масовен протест барајќи 600 евра минимална плата, откако Владата го одби барањето, а ССМ го одржува...
Министерството за надворешни работи склучило договор за евакуација на вредност од 59,8 милиони денари (972.000 евра). Четири летови, 458 евакуирани...
Министерот за животна средина потврди дека ќе се организира јавна расправа за обновување на А-дозволата за Фабриката Усје, откако граѓанската...
Речиси третина од онлајн-купувачите во ЕУ наишле на проблеми при набавки преку интернет. Во Македонија, 29,41% пријавиле тешкотии - под...
Сојузот на синдикатите на Македонија организира протест утре во центарот на Скопје. Маршот ќе помине низ централните улици и ќе...