Муцунски: Кочани ја покажа вистинската сила на дипломатијата - 115 пациенти добија помош во Европа
14.03.2026
14.03.2026
14.03.2026
14.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Кавадарчанец трагично го загубил животот по пад од стрмен планински предел за време на лов, а неговото тело вчера било извлечено по долга и исклучително ризична интервенција на пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Кавадарци.
Телото било лоцирано на исклучително непристапен и лизгав терен, во бездна длабока околу 150 метри, каде што пристапот бил невозможен без специјална алпинистичка опрема. Поради сериозната опасност, пожарникарите со часови се движеле врзани со јажиња, внимателно обезбедувајќи се еден со друг, за да спречат нова несреќа.
„До нас беше доставено барање за извлекување на безживотно тело на наш сограѓанин кој доживеал несреќа при лов. Веднаш интервениравме со пет пожарникари и опрема за работа на височина. Со придружба на припадници на МВР Кавадарци и членови на семејството се упативме кон длабокиот и непристапен терен“, информираат од ТППЕ Кавадарци.
Од таму додаваат дека поради сложеноста на теренот, интервенцијата траела цел ден, при што пожарникарите морале да користат алпинистичка техника и постојано обезбедување.
По завршување на акцијата, телото било успешно извлечено од бездната и предадено на надлежните безбедносни служби, додека семејството и полицијата чекале на безбедна локација.
Оваа трагедија уште еднаш ја потсетува јавноста на сериозните ризици од ловот на непристапни и опасни терени, особено во зимски услови.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...
Сојузот на синдикати организираше масовен протест барајќи 600 евра минимална плата, откако Владата го одби барањето, а ССМ го одржува...
Министерството за надворешни работи склучило договор за евакуација на вредност од 59,8 милиони денари (972.000 евра). Четири летови, 458 евакуирани...
Министерот за животна средина потврди дека ќе се организира јавна расправа за обновување на А-дозволата за Фабриката Усје, откако граѓанската...
Речиси третина од онлајн-купувачите во ЕУ наишле на проблеми при набавки преку интернет. Во Македонија, 29,41% пријавиле тешкотии - под...
Сојузот на синдикатите на Македонија организира протест утре во центарот на Скопје. Маршот ќе помине низ централните улици и ќе...