Skip to content

Трамп со специјалци за иранскиот ураниум — ракетните напади на Иран драстично опаднаа

1 мин. читање
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп разгледува можноста за испраќање специјални воени сили во Иран со цел запленување на складиштата со високо збогатен ураниум, откако заедничките американско-израелски воздушни напади ја ослабнаа иранската воена инфраструктура. Информацијата произлегува од разузнавачки извори, иако официјални потврди сè уште нема.

Во меѓувреме, во Кувајт е забележан голем пожар на висока зграда по иранска дронска акција насочена кон регионална инфраструктура. Во инцидентот животот загубија двајца куваитски полицајци. Иранскиот Корпус на чувари на Исламската револуција претходно соопшти дека е способен да води интензивна воена кампања против САД и Израел уште најмалку шест месеци, тврдејќи дека досега употребил само ракети од прва и втора генерација, додека понапредните проектили сè уште не влегле во употреба.

Сепак, воените анализи покажуваат поинаква слика. Детален увид во бројот на лансираните проектили и дронови открива значително слабеење на нападите по десетиот ден од конфликтот — на првиот ден биле лансирани 350 балистички ракети и 294 дронови, додека на десеттиот ден тие бројки паднале на 12 ракети и 11 дронови.

Воени аналитичари посочуваат неколку можни причини: израелските и американските контранапади можеби ги уништиле лансирни рампи, складишта со муниција и командна инфраструктура. Постои и можност Иран намерно да штеди ракети за продолжена конфронтација. Забележливата промена кон употреба на касетна муниција дополнително го поддржува тврдењето дека некои ракетни арсенали можеби се на исцрпување.

Паралелно, американски медиуми objавија разузнавачка проценка според која ниту големата воена операција не може да ја урне иранската влада — наод кој ги засилува стравувањата дека конфликтот може да прерасне во долготрајна дестабилизација на регионот.