Штип со свеќи и ѕвездено небо им оддаде почит на жртвите од Пулс
17.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Како и во текот на целата измината недела, воздухот во повеќе македонски градови и вечерва е на алармантно високо ниво на загадување, кое според мерните станици се категоризира како „екстремно нездраво“ и „опасно“. Околу 20 часот, највисоки вредности на AQI-индексот се регистрирани во Кавадарци (352), Струмица (339) и Тетово (338).
Особено загрижувачки се концентрациите на ПМ2,5 честичките, кои на одредени места се и до 20 пати над дозволените граници. Според Светската здравствена организација, ваквото загадување може да предизвика здравствени проблеми дури и кај целосно здрави лица, додека хронично болните, децата, постарите лица и луѓето со респираторни заболувања се во особено висок ризик и треба да останат во затворен простор.
Состојбата е многу лоша и во Кичево, Гостивар, како и во повеќе делови од Скопје, каде индексот на загаденост се движи меѓу 200 и 300. Директорот на Клиниката за пулмологија, д-р Оливер Зафировски, за „Слободен печат“ изјави дека екстремното загадување во последните денови довело до зголемен број пациенти и значителен притисок врз здравствениот систем.
Експертите предупредуваат дека моменталните метеоролошки услови дополнително ја влошуваат ситуацијата. Во вечерните часови, поради ниските температури, маглата и котлинската поставеност на повеќето градови, честичките од согорување на огревно дрво, издувните гасови и индустриското загадување подолго време остануваат задржани во воздухот, без можност за природно прочистување.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Година по трагедијата, штипјани поставија камен-темелник за спомен-обележје за петте загинати граѓани. И Куманово одржа комеморација.
Поранешниот обвинител зборува за недостиг на кадри, возила и простории при истрагата за пожарот во кој загинаа 63 лица. Изразува...
Независниот синдикат тврди дека 90% од војниците живеат во необновени објекти стари 35 години, додека министерот промовира реновирани касарни.
Извршниот одбор на СДСМ покрена постапка за исклучување на поранешниот градоначалник на Скопје. Партијата го обвинува дека работи за ВМРО-ДПМНЕ.
За изборот на судијата од Основниот кривичен суд се потребни 61 глас. Советот на обвинители даде позитивно мислење за четири...
Од вторник до петок Македонија ќе биде под влијание на ладен циклонски систем со врнежи и засилен ветер.
Амбасадата најави нов лет, додека досега 458 патници беа евакуирани со четири летови од Блискиот Исток.
Скопје се збогува со Драган Пароски, познатиот продавач кој и тоа што го немаше го делеше со уличните кучиња.
Полицијата спроведе интензивна контрола на моторџиите во Скопје со 91 казна и одземени мотоцикли.
ЕВН и Водовод најавија планирани прекини во Карпош, Ѓорче Петров, Кисела Вода и околината на Железничка.