Битола го уредува запуштениот простор зад СВР - нови паркинзи низ градот
19.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, остро реагираше на медиумските обвинувања дека наводно имал улога во монструозното „Сараевско сафари“, и најави дека ќе ангажира врвни меѓународни адвокати за да ги тужи медиумите кои ја објавија оваа информација.
Реакцијата следи откако хрватскиот новинар Домагој Маргетиќ поднесе пријава во обвинителството во Милано, тврдејќи дека Вучиќ учествувал во активностите поврзани со „Сараевското сафари“ — случај што го истражуваат италијанските власти.
„Кога некој толку очигледно лаже, мора и да плати многу. Ќе ги собереме најдобрите адвокати и за 15 дена ќе видиме што следува,“ изјави Вучиќ, пренесува Телеграф.
Тој нагласи дека тужбите нема да ги финансира со сопствени средства, туку адвокатите ќе бидат платени од евентуалната надоместена штета, која, како што вели, планира да ја донира за изградба на манастир.
Вучиќ подвлече дека досега никогаш не поднел тужба против медиум, иако, според него, бил често предмет на „лажни написи“. Овојпат, вели тој, ќе се постапува против „медиуми со многу пари“, меѓу кои ги спомена Гардијан, Дејли Меил и други.
Во меѓувреме, германскиот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ повторно го отвори прашањето за оваа мистериозна и контроверзна тема, прашувајќи: „Што стои зад триесет години старата приказна?“ Според документарните наводи, за време на опсадата на Сараево (1992–1995), богати странски државјани наводно плаќале за да пукаат врз цивили од позициите над градот.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Професорот од Џонс Хопкинс смета дека иницијативата за фазен пристап цели забавување на проширувањето, а ЕУ-курсот на Србија е фарса.
Масовно иселување од Косово поради економска криза, додека формирањето на воениот сојуз Приштина-Загреб-Тирана предизвикува прашања за регионалната стабилност.
Српскиот министер за внатрешни работи ја обележа годишнината од погромот врз Србите на Косово и Метохија со силна порака и...
Техеран предупреди дека Романија ќе сноси меѓународна одговорност доколку дозволи САД да ги користат нејзините бази за операции против Иран.
Српскиот претседател одби да прими критики од хрватскиот колега за воорожувањето на Србија.
Претседателката на српскиот парламент ги брани набавките на ракети и укажува дека земјата е во црвена тревога од 1999 година.
Белград стана првата европска држава со кинески ракети CM-400AKG, а Хрватска го покрена прашањето во НАТО.
Српскиот претседател тврди дека тројниот воен сојуз чека поволен геополитички момент за напад, додека Белград рекордно ги зголемува одбранбените трошоци.
Србија стана прва европска земја која ги набави кинеските CM-400 ракети со дострел до 250 км и брзина Мах 4,5,...
Српскиот претседател Вучиќ ги обвини хрватската разузнавачка служба СОА за организирање протести во Србија, а хрватскиот премиер Пленковиќ остро ги...