Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Основното јавно обвинителство во Битола преку Канцеларијата за поврат на имот испрати итно барање до надлежните органи во Србија за замрзнување на имот поврзан со битолскиот бизнисмен Борче Марковски, кој се наоѓа во притвор поради злоупотреби во РЕК „Битола“.
Според Обвинителството, српските власти веќе издале наредби за замрзнување на 10 нови товарни и приклучни возила, набавени годинава од белградска компанија со која Марковски е поврзан. Истовремено, побарано е отворање на сеф во српска банка за кој постои сомнение дека е во негова сопственост.
Во Македонија, по барање на Обвинителството, се замрзнати и околу 30 милиони денари од сметките на Марковски и неговата фирма, како и повеќе недвижности: три стана во Скопје, парцела градежно земјиште, гаража, три товарни и едно патничко возило. Имотот е ставен под забрана за располагање, бидејќи постои сомнение дека потекнува од кривично дело и може да биде предмет на конфискација.
Истрагата што започна на 9 октомври опфаќа осум физички лица и едно правно лице – фирмата „Марковски компани“. Според обвинението, тие преку злоупотреба на јавни набавки во РЕК „Битола“ незаконито наплатиле над 1,7 милиони евра за работи кои не биле извршени.
Меѓу осомничените се и поранешниот директор на комбинатот Пеце Матевски и четворица раководители од ПЕ „Рудници“, кои се теретат за соизвршителство во кривични дела злоупотреба на службена положба и измама во службата. Тие, според Обвинителството, ѝ овозможиле на фирмата на Марковски да добие тендери како единствен понудувач и да наплати пари за непостоечки работи.
Со истрагата се утврдува обемот на прибавената противправна корист и нејзините траги во земјава и во странство, а обвинителството најавува нови мерки за обезбедување на средствата кои потекнуваат од кривичното дело.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...