Претрес кај виш обвинител во Битола: неофицијално, трагата води до пасошот на Марковски
07.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
06.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
06.10.2026
05.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
06.10.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
07.10.2026
06.10.2026
05.10.2026
06.10.2026
05.10.2026
04.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
По едно особено жешко лето, првиот дожд изгледа како олеснување. Но не сите го доживуваат така. Некои луѓе во сивите денови се чувствуваат потажно, поуморно, без волја за ништо – особено кога лошото време ќе дојде ненадејно и кога врнежливите денови ќе се надоврзат еден на друг. Дали времето навистина може да ни го менува расположението?
Според Клара Анаја, психологка во болницата Quirónsalud во Кордоба, ова не е редок каприц на мал број чувствителни. Може да зафати и до 60 отсто од населението. И не станува збор за тоа дали го сакаш дождот или не. Зад чувството стојат помалку дневна светлина, сонот, променетите навики и емоционалните асоцијации што ги врзуваме за одредено време.
Облачното небо го спушта серотонинот
Првото објаснување е буквално зад прозорецот. Кога небото е облачно, добиваме помалку природна светлина, а телото тоа го чувствува. Светлината учествува во процесите поврзани со биолошките ритми и со регулацијата на расположението, вклучително и во активноста на серотонинот – невротрансмитер поврзан со емоционалната благосостојба, апетитот и сонот. Според психологката, неговото ниво може да падне за 20 отсто. Во игра влегува и мелатонинот, хормонот на циклусот спиење-будење: помалку светлина преку денот ги поместува циркадијалните ритми и ја носи онаа поспаност и безенергичност, понекогаш придружени со апатија и раздразливост.
Плановите пропаѓаат, фрижидерот се отвора
Сончевиот ден те вика на прошетка, на тренинг надвор, на кафе на тераса. Дождот сето тоа го брише. Излетот се откажува, ручекот се одложува, прошетката не се случува. Се создава мал маѓепсан круг: врне, па остануваме дома, се движиме сè помалку и ги губиме работите што нè радуваат – а со тоа се собира и социјалниот живот. Не затоа што сакаме да се изолираме, туку затоа што времето ни ги менува навиките. Една од нив е храната: кога сме потиштени, посегнуваме по шеќер и масти, барајќи брза утеха.
Има и подлабок слој. Мозокот ги поврзува ситуациите со емоциите што сме ги доживеале во нив. Ако некогаш сме минале низ тежок период во слични сиви денови, дождот може да ги разбуди тие чувства, па и меланхолија или осаменост.
Што всушност помага
Советите на психологката се едноставни, што не значи дека се лесни: искористи ја секоја дневна светлина и излези надвор штом времето ќе дозволи. Ако не можеш да одиш или да вежбаш надвор, движи се дома – дождот не смее да стане изговор за неколку дена неподвижност. Не дозволувај дождливото попладне да стане попладне на изолација: средба, телефонски разговор, време со семејството. А сивите денови може и да ги прифатиш – книга, готвење, филм, заборавено хоби.
За многумина, впрочем, дождот значи токму спротивното: мир, одмор, дозвола да останеш дома без чувство дека треба да си на друго место. Октомври ќе ни донесе доволно сиви денови да провериме кој тип сме. Важно е само времето надвор да не одлучува како ќе се чувствуваме внатре.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Ако „на пареа“ за тебе значи блуткав болнички зеленчук, проблемот не е во техниката, туку во минутите. Еве ги времињата...
Можеш да бидеш сосема способен за новата работа или за првиот бран - и пак да те стегне во градите....
Пазарите се полнат со дуњи и тикви, почнува ловната сезона, а по првите дождови стигнуваат печурките. Од крем-супа од костени...
Мајка и ќерка во рагби-тим, пријателки што се запознале на падел. Кога можеме да пишуваме со кого било во секој...
Петтиот најдобар ресторан на светот не затвора поради празни маси, туку за да има време да размислува. Платата на екипата...
Во личната карта пишува 80, но телото може да има сосема друга возраст. Експертите за долговечност велат дека клучот не...
Компирот не се пржи до кафеаво, туку бавно се динста во масло - тоа е основата. Потоа доаѓа „капата“: сланина...
Ги исфрли глутенот, шеќерот и млечното, а заморот и подуеноста не поминуваат? Можеби проблемот не е во чинијата, туку во...
Карфиолот го сведовме на варено зеленило со бешамел. А тој може да биде и хрскава основа за пица и „стек“...
Срамот ги тера луѓето со дебелина да го одложуваат прегледот, а реченицата „ако сакаш, можеш“ ја прави работата уште полоша....
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.