Случајот Михаилова оди во НАТО: Мицкоски ја обвинува Софија, а МВР сè уште не објаснило како таа ја премина границата
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
16.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
15.10.2026
13.10.2026
12.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја обвини Црна Гора дека учествува во прогон на руски државјани. Според неа, Црна Гора се наоѓа на руската листа на непријателски држави, а на нејзината територија руските граѓани „буквално ги ловат“. Тешки зборови. Поводот, пак, е приведување на еден блогер и неговото друштво.
Да одиме по ред. На 9 октомври, во Рисан, црногорската полиција и Агенцијата за национална безбедност го приведоа Михаил Звинчук, основачот на познатиот воено-аналитички проект „Рибар“, заедно со неговата сопруга и уште три руски државјани. Властите во Подгорица потоа одлучија сите пет да бидат протерани, повикувајќи се на причини од национална и внатрешна безбедност. Црногорската страна тврди дека акцијата била спроведена за да се спречи наводно хибридно дејствување. Москва таквото објаснување го отфрла.
Захарова не застана на Црна Гора. Таа тврди дека Вашингтон започнал глобален лов на руски државјани и дека опасноста од приведување веќе не важи само за земјите што Москва официјално ги смета за непријателски. „Во повеќе наврати ги предупредувавме нашите граѓани за опасноста и им препорачувавме да не патуваат во одредени земји поради високиот ризик од приведување или апсење на територијата на тие држави, по барање на американските органи за спроведување на законот и специјалните служби“, изјави таа.
Според неа, на мета не се само новинарите и луѓето поврзани со политиката, туку и граѓани чија работа, на прв поглед, нема никаква врска со меѓународните односи. Иронијата е тешко да се пропушти: случајот што ја запали целата приказна не е за случаен турист на одмор во Бока, туку за основач на воено-аналитички проект. Тешко дека тоа спаѓа во категоријата „луѓе без врска со политиката“.
Црна Гора е членка на НАТО и кандидат за ЕУ, па Подгорица очигледно процени дека безбедносната мерка вреди повеќе од мирот со Москва. Москва процени дека тоа е прогон. Меѓу тие две процени останува малата балканска држава, која повторно служи како сцена за порака што големите си ја праќаат еден на друг. Дали тоа е суверена одлука на Подгорица – или некој друг ја пишува, а Подгорица само ја потпишува?
Со случајот Звинчук односите меѓу Москва и Подгорица дополнително се заострија. Подгорица зборува за хибридни закани, Москва за лов на луѓе. А кој прв ќе покаже нешто повеќе од соопштение – Подгорица доказите за хибридното дејствување, или Москва доказите за „ловот“?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Осум хрватски услови, 2,7 милијарди евра за воен имот од СФРЈ и едно име на базен - доволно црногорскиот пратеник...
Премиер на земја од ЕУ и НАТО се качи на предизборна бина во Србија и порача дека странците не треба...
Почна со скапи студии и лоши услови на факултетите, стигна до запалени министерства и 55 уапсени. Дали Балканот ја гледа...
Србија го обвинува Загреб за „најгрубо мешање во изборниот процес“ поради новински текстови, а хрватските новинари се подготвуваат за малтретирање...
Белград ги изброи хрватските текстови за Вучиќ и прогласи мешање во изборите. А спотот на Вучиќ е речиси копија на...
Палки, спрејови, фантомки и стотина револвери во Ќациленд, плата без работа и готовина од градската топлана - сè според човек...
Од 1 ноември Русите нема да влегуваат во Црна Гора само со пасош, а Москва веднаш одговори со визи за...
Белград со години одбива санкции против Москва, а сега Вучиќ тврди дека ни САД веќе не ги спроведуваат целосно. Дали...
Од четирите прашања само едното е обврзувачко, а она што најмногу ги засега луѓето од поранешна Југославија веќе е закон....
Република Српска од почетокот на 2025 година потрошила над четири милиони долари на лобисти блиски до Трамп. Кога тоа излезе...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.