Охриѓанец ја претепал девојката до онесвестување, а мајка му, поранешна претседателка на ДКСК, го пријавува нејзиниот татко
16.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
15.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
16.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
15.11.2026
16.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Товарен воз минува по пругата што кај Хиподром ја сече улицата, а рампата стои крената. Видеото го споделија жители во Фејсбук-групата „Ѕид на Општина Гази Баба“, загрижени за возачите и пешаците што секојдневно минуваат преку тој премин.
Според граѓаните во коментарите, машиновозачите го знаат проблемот: возот свири оддалеку за да алармира и подзастанува пред да помине. Безбедноста на овој премин во главниот град, значи, ја држат свирката и претпазливоста на машиновозачот.
Ова не е првпат. И претходно рампата речиси цел месец стоела постојано отворена. Еден од жителите во коментарите има свое објаснување: „Додека беше Митко, рампата беше во функција. Тој отиде во пензија и рампата не функционира и нема кој да ја одржува.“
Од „Македонски железници – Инфраструктура“ велат дека се запознаени со проблемот и дека нивни екипи се на терен. Објаснувањето на помошник-директорот за електротехнички постројки, Тони Ѓуревски, вреди да се прочита двапати: екипи на ЈП „Улици и патишта“ сечат бетон таму каде што стои рампата, за да ги извадат шрафовите, кои биле бетонирани, поради што рампата не функционира.
Шрафовите на железничка рампа, бетонирани. Кој бетонирал? Кога? Дали при некоја работа на улицата некој излеал бетон врз механизмот на рампата, без никој од железницата да забележи сè додека граѓаните не објавија видео? Сега две јавни претпријатија работат на проблем што очигледно го направила човечка рака.
Додека бетонот се сече, возовите ќе продолжат да свират. Прашањето е колку пати уште ќе треба да свират пред некој да одговори кој го закопал механизмот во бетон.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Лицата со дијабетес не можат без игли, ленти и сензори - па решија барем да засадат дрвја за отпадот што...
Од зградата на Матичната управа паднал метал и повредил тројца луѓе - а на местото на настанот најголем проблем станала...
Над 600 проекти, еден милион денари за најдобрите - и идеи за проблеми со кои секој од нас се сретнал....
Во снимките тврди дека бугарската служба ја условувала, на Фејсбук пишува дека никој не ја принудувал - а загинатиот 33-годишник...
Кардиолог што ги лекува туѓите срца, а своето го носел на сите осумилјадници на планетата. Шеснаесет години, 14 врвови и...
Бројките се подобри од лани и „Безбеден град“ има заслуга. Но списокот на приведените покажува дека камерите не можат да...
Скопје и Ѓорче Петров ги одбележаа 82 години слобода со говори за паркови и инфраструктура. Најмногу кажа човекот што таа...
Од 08:30 до 15:00 часот без напојување остануваат дел од корисниците во Кисела Вода, а до раното попладне и Петровец,...
Асошиејтед прес и Euronews ги снимија кравите по улиците. Дома, Општината и Агенцијата за храна и ветеринарство си ја префрлаат...
Наместо да се чекаат до 36 часа за одлука на судот, полицаецот ќе може со усна наредба да го отстрани...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.