Мерки на претпазливост, па притвор: што се смени во обвинителството по нападот врз Сара од Охрид?
17.11.2026
17.11.2026
17.11.2026
17.11.2026
17.11.2026
17.11.2026
17.11.2026
17.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
17.11.2026
17.11.2026
16.11.2026
17.11.2026
17.11.2026
17.11.2026
17.11.2026
16.11.2026
15.11.2026
17.11.2026
16.11.2026
15.11.2026
17.11.2026
17.11.2026
16.11.2026
17.11.2026
16.11.2026
15.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Алта банка во Македонија веќе нема сопственик само на хартија – има и неколку политички „родители“, од кои ниту еден не сака да ја признае. За еден ден, четири партии ја префрлаа банката од врата на врата, а секоја донесе документ или поговорка што ѝ одговара.
Вреди: потписот на Груби
Портпаролката на Вреди, Саранда Имери Стафаи, излезе со записникот од 158. седница на Владата од 6 јуни 2023 година и со одлуката објавена во „Службен весник“ број 123 од 13 јуни 2023 година. Според партијата, на седницата со која претседавале тогашниот премиер Димитар Ковачевски и првиот вицепремиер Артан Груби, под точката пет се разгледувала продажбата на акции во Стопанска банка АД Битола во сопственост на Агенцијата за управување со одземен имот. На одлуката број 41-3733/8 стои потписот на Груби.
Вреди тврди дека тие државни акции, заедно со приватниот пакет на компанијата „АС Сењак“, која партијата ја поврзува со семејството на Али Ахмети, подоцна завршиле кај српскиот бизнисмен Давор Мацура. Партијата бара Јавното обвинителство и Управата за финансиско разузнавање да ја прошират истрагата и да ги сослушаат тогашните функционери на ДУИ.
СДСМ: 1,85 отсто конфискувани акции
СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека манипулира со тој документ. Според опозицијата, одлуката од јуни 2023 се однесува на 7.213 акции, околу 1,85 проценти од капиталот на битолската банка, конфискувани од поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и фирмата „Ексико“ во предметот „Империја“. СДСМ тврди дека акциите не биле продадени додека тие биле на власт, дека Алта банка тогаш воопшто не била на македонскиот пазар и дека преземањето на Стопанска банка Битола се случило во есента 2025, за време на владата на Христијан Мицкоски.
ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ: поговорки наместо одговори
ДУИ им возврати на функционерите од ВЛЕН дека со банални спинови сакаат да го скријат сопствениот потпис под одлуката за продажба на банката во 2025 година. „Алта банка не ја донесе ветрот. Вие ѝ ја отворивте вратата!“, порачуваат од ДУИ, со завршница што тешко ќе ја цитира кој било учебник по дипломатија: банката е „вашето копиле“, кое не можело да се остави пред туѓа врата. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, пак, бара Филипче да каже дали Мацура бил „криминалец со сомнителен капитал“ кога, според него, СДСМ и ДУИ го овозможиле влезот на банката.
Ако се тргнат поговорките, остануваат две бројки и два датума. Од една страна, 1,85 проценти конфискувани акции и одлука од 2023 година. Од друга, преземање на цела банка во 2025. Секоја партија зборува за потписот што ѝ одговара. А институциите што ја одобрија трансакцијата – дали некогаш ќе излезат со целосна хронологија, од првата акција до последниот потпис? Кога партиите се обвинуваат меѓусебно, граѓанинот има право на едно: сите документи на маса.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Едната пауза ја побара ДУИ, другата владејачкиот ЗНАМ, а опозицијата остана без ниту едно прашање. Сега правилото се менува, иако...
Собранието ги изгласа измените што ги двојат праговите за набавки без тендер и ја тројат цената на жалбата. Премиерот вели...
Членот 13 што го стопираше претседателката падна. Сè друго остана: двојно повисок праг, поскапа жалба и надоместок за да се...
Премиерот вели дека претходната власт си скроила амнестија што не може да се поправи ретроактивно. Во новиот пакет има и...
Гаши ја пресмета паузата во времето на опозицијата, мнозинството побара уште една, и двата часа поминаа. Следна точка на дневен...
Една тивка промена на фраза требаше да им овозможи на членовите на комисијата за тендерски жалби да се реизбираат без...
Премиерот признава дека изборите политички му одговараат, но вели дека шест месеци техничка влада би ја однеле државата во банкрот....
Претседателката го запре законот, мнозинството отсече еден член и тргна понатаму. Спорните одредби за кои предупредуваше опозицијата не беа на...
Седум години работа, 33 европски директиви и ниту еден јавен збор за прашањето што ја потресе земјава во 2023. Текстот...
Еден коалициски партнер нуди решение, друг се заканува дека ќе си оди ако тоа помине. Испитот за идните судии стана...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.