Охриѓанец ја претепал девојката до онесвестување, а мајка му, поранешна претседателка на ДКСК, го пријавува нејзиниот татко
16.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
15.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
16.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
15.11.2026
16.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
На свеченоста за 82 години од ослободувањето на Ѓорче Петров имаше градоначалник, претседателка на Советот, делегации, вработени во општината и сограѓани. Имаше цвеќе и минута молчење. Но вистинската тежина на настанот ја носеше еден човек: 97-годишниот Јован Манчевски, единствениот жив борец од тој период.
Тој не држеше говор за инфраструктура. Раскажуваше спомени и сведоштва за времето на борбата и ослободувањето, за храброста и жртвата на генерацијата што ја извојувала слободата. Сведоци како него се сè поретки, а по нив остануваат само плочите, датумите во календарот и говорите.
А говорите ги имаше доволно. Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, порача дека 14 Ноември не е само историски датум, туку потсетник за одговорноста на секоја генерација. „Денес, нашата борба е поинаква – таа е борба за подобри услови за живот, современа инфраструктура, квалитетно образование, безбедни населби и еднакви можности за сите граѓани“, рече тој.
На свечената академија за 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски зборуваше во сличен тон. „Пред 82 години на улиците на Скопје се решавало дали идните генерации ќе живеат со наведнати глави или ќе чекорат слободно“, рече тој и вети „уредно, зелено, безбедно и современо Скопје“. Градот по традиција ги додели и наградите „13 Ноември“ во повеќе области, од култура и наука до уметност и архитектура.
На годишнините ослободувањето лесно станува мост кон ветувања за паркови, патишта и населби. Борците се бореле за слобода, не за мандат. Најмалку што можат да направат нивните наследници е ветувањата од говорите да ги мерат со она што навистина ќе се изгради до следниот 13 и 14 ноември.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Лицата со дијабетес не можат без игли, ленти и сензори - па решија барем да засадат дрвја за отпадот што...
Од зградата на Матичната управа паднал метал и повредил тројца луѓе - а на местото на настанот најголем проблем станала...
Над 600 проекти, еден милион денари за најдобрите - и идеи за проблеми со кои секој од нас се сретнал....
Во снимките тврди дека бугарската служба ја условувала, на Фејсбук пишува дека никој не ја принудувал - а загинатиот 33-годишник...
Кардиолог што ги лекува туѓите срца, а своето го носел на сите осумилјадници на планетата. Шеснаесет години, 14 врвови и...
Бројките се подобри од лани и „Безбеден град“ има заслуга. Но списокот на приведените покажува дека камерите не можат да...
Од 08:30 до 15:00 часот без напојување остануваат дел од корисниците во Кисела Вода, а до раното попладне и Петровец,...
Асошиејтед прес и Euronews ги снимија кравите по улиците. Дома, Општината и Агенцијата за храна и ветеринарство си ја префрлаат...
Наместо да се чекаат до 36 часа за одлука на судот, полицаецот ќе може со усна наредба да го отстрани...
Колку контејнери изгореле, не е кажано, мотивот не е познат, но политичката рамка беше поставена пред полицијата да ги отвори...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.