Притвор за напаѓачот од Охрид дури по нови докази: Јанев најавува санкции за полицајци што ги газат процедурите
18.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
17.11.2026
16.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
17.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
17.11.2026
16.11.2026
18.11.2026
17.11.2026
16.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
17.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Службата за итна медицинска помош при Општата болница во Прилеп доби три нови амбулантни возила. Опремата е целосно вградена, за разлика од досегашните возила што биле дополнително адаптирани: дефибрилатор, кислородна поддршка, апарати за следење на виталните параметри и средства за имобилизација при скршеници и повреди од сообраќајни несреќи. Возилата ќе ги покриваат Прилеп, Кривогаштани и Долнени.
Досега службата работела со шест постари амбулантни возила, подложни на чести дефекти и поправки, и две помали возила. „Ова ќе биде олеснување за пациентите, побрза дијагноза, третманот може веднаш да почне во возилото“, рече директорот на болницата, д-р Кире Јоноски.
Началникот на Итната помош, д-р Боше Милошески, рече дека „некогаш минути и секунди се во прашање кога се спасува живот“. Потоа ја кажа и непријатната бројка. „Потребни ни се лекари, медицински сестри и возачи. Конкретно, ни недостигаат четворица лекари, осум медицински сестри и шестмина возачи за службата да биде целосно екипирана. Има најави за вработување нов медицински кадар“, вели Милошески.
Возилото е лесниот дел: се набавува, се фотографира и се предава со клучеви. Лекар не се купува со тендер. Градоначалникот Дејан Проданоски ја истакна логистичката поддршка на Општината за опремување на болницата, но пациентот што ќе повика итна помош во три часот наутро нема да праша колку возила има службата. Ќе праша колку брзо ќе стигне екипата.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Цистерни со техничка вода за граѓаните немаше. Нова цистерна „Исар“ има, но таа е за одржување на улиците.
Вакцината е бесплатна и за девојчињата и за момчињата, а двете дози ги прима само половина од децата. Лани над...
Градоначалникот вели дека затекнал долг од речиси 300 милиони евра. Отчетот го пишува тој, а резултатите Скопјани ги проверуваат на...
По предупредувањата на американските амбасади во Софија и Приштина, директорот на АНБ вели дека проценката за Македонија не се менува,...
Од 15 ноември до 31 март, секоја година. Возачите меѓу Охрид и Ресен до пролет мораат да возат по алтернативни...
Најнискиот дел од населбата досега не можеше да се поврзе со канализацискиот систем. Решението е препумпен уред.
На изворот 0,89 НТУ, во градската мрежа до 1,8. Водата се заматува некаде на патот до чешмата, а водоводот не...
Над тон убојни средства и околу 135 килограми експлозив покрај градот. Ги чистат пиротехничари на државата и поранешни полицајци на...
Градоначалникот се заблагодари на Владата и вети побрзи интервенции. Соопштението не кажува колку чинеше набавката ниту колку минути ѝ требаат...
Државата одлучила, па не спровела. Сега градоначалникот не бара пари, туку законски мандат, а кравите со македонски маркици, според Босилеградчани,...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.