Бебе на два дена остана без дел од палецот на ГАК: сестрата е во млечна кујна, комисијата има 60 дена
20.11.2026
20.11.2026
20.11.2026
20.11.2026
20.11.2026
20.11.2026
20.11.2026
20.11.2026
19.11.2026
18.11.2026
20.11.2026
20.11.2026
19.11.2026
20.11.2026
20.11.2026
20.11.2026
20.11.2026
19.11.2026
18.11.2026
20.11.2026
19.11.2026
18.11.2026
20.11.2026
20.11.2026
19.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Законот за работно ангажирање, попознат како закон за сезонски работници, се применува од 1 јануари 2026 година. Речиси година подоцна, Владата признава дека „сè уште не ги дава очекуваните резултати“. Решението? Информативна кампања и порака дека законот треба да се оценува на подолг рок. „Ова не е закон направен за една година“, вели заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески.
Идејата не е лоша. Пензионерите, студентите, невработените и сите што сакаат дополнително да заработат можат легално да работат во земјоделството, угостителството и во домаќинствата, без да ја изгубат пензијата или статусот. Се плаќа придонес за пензиско осигурување и придонес за здравствено во случај на повреда на работа, а парите одат според реално одработените часови. Работодавачот го пријавува работникот преку системот „е-Работа“ на Агенцијата за вработување.
Колку луѓе досега се пријавиле по овој закон, не беше кажано. Без таа бројка, „не ги дава очекуваните резултати“ може да значи речиси сè. Кампањата ќе ја водат медиумите, стопанските комори, работодавачите и синдикатите. Првиот информативен настан го организираа Германско-македонската стопанска комора и ГИЗ.
Германија ја стега квотата
Ристески беше прашан и за предлогот Германија да ја преполови годишната квота за првични дозволи за работа на граѓани од Западен Балкан, на 25.000 годишно. Предлогот треба да се разгледува во Бундесратот на 18 декември. Одговорот беше дека целта на Владата е што повеќе млади да останат и да работат тука, а како причина за германската одлука ги посочи падот на индустриското производство и отпуштањата во автомобилската индустрија.
Во подготовка се и нов закон за работни односи, кој треба да биде „пофлексибилен“, и нов закон за странци, со кој побрзо ќе се вработуваат работници од странство. Поради нискиот наталитет и иселувањето, недостигот од работна сила веќе делумно го покриваат странци.
Значи, од младите се бара да останат, на странците им се олеснува доаѓањето, а законот што требаше да ги извади пензионерите и студентите од сивата зона чека кампања за да почне да функционира. Дали проблемот е во информираноста, или во тоа колку чини една легална смена на нива или во кафана?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Пакетот почнува од околу 1,4 милијарди денари, а до шестата аукција почетната цена по акција може да падне за речиси...
Власта вели „историски пензии“, опозицијата брои еврообврзници. Бројките кажуваат трето: државата ќе позајми 45 милијарди денари, а ќе вложи 40,8.
Наредбата протече, Вашингтон протестираше, Apple ја исклучи најсилната заштита за Британците - а владата и понатаму тврдеше дека самото нејзино...
За две и пол години од трговија со накит на големо до цел од 100 милиони долари годишен приход. Нов...
Нова услуга во три американски града се обидува да го реши најстариот семеен проблем - кој ќе го однесе детето...
ЕВН ја врати струјата по неколку часа, но со ултиматум. Од Министерството за образование одговорот беше краток: има струја.
Фирмата имала нарачки, а работниците немале плата од јануари. Додека судот ги одложуваше рочиштата, синдикатот брои четворица починати колеги.
Законскиот рок е пет дена. Според опозицијата, долгот кон вториот столб со месеци се мери во десетици милиони евра, а...
Инвеститорите платија повеќе од најавеното и го срушија рекордот на SpaceX. Но најголемите парчиња од компанијата не ги држат фондовите,...
Основана во Софија пред осум години, сега вреди 2 милијарди долари, а во касата сè уште има пари од претходната...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.