Татко и син истепаа доктор и медицинска сестра пред „Јане Сандански“: законот предвидува до пет години затвор, а речиси 70% од нападите не се ни пријавуваат
23.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
22.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
22.11.2026
21.11.2026
23.11.2026
22.11.2026
21.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
22.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Платата Ви легнува на една сметка, кредитот го враќате преку друга, а третата ја отворивте пред години поради некоја промоција и веќе не ни се сеќавате на неа. Банката се сеќава. Месечниот надоместок за одржување на стандардна трансакциска сметка во Македонија се движи од 30 до 90 денари. Тоа е од 360 до 1.080 денари годишно, по сметка, и тоа без картички, СМС-известувања и другите дополнителни услуги.
Пресметката е едноставна. На пример, три сметки по 100 денари месечно се 300 денари месечно, или 3.600 денари годишно, за услуги што делумно не ги ни користите. Не секоја неактивна сметка автоматски создава трошок, тоа зависи од тарифникот и договорот, но вреди да проверите пред банката да Ви ја испрати сметката.
Од страната на банките, ситните износи стануваат крупни. Како илустрација: банка со 200.000 клиенти кои плаќаат по 50 денари месечно би заработила 120 милиони денари годишно само од одржување сметки. Пресметката е хипотетичка, не реален приход на конкретна банка, но покажува зошто надоместокот од неколку десетици денари никому не му е ситница.
Сметката за која не се зборува
Постои и опција што дел од граѓаните можеби не ја знаат: платежна сметка со основни функции. Според член 74 од Законот за платежни услуги и платни системи, месечниот надоместок за неа не смее да надмине 0,1 процент од подвижниот просек на просечната месечна нето-плата во земјата за претходните 12 месеци.
Некои категории граѓани, меѓу кои корисниците на парична социјална помош, законска издршка, детски додаток и студентски стипендии, под законски утврдени услови имаат право на основните услуги без месечен надоместок. Ова важи само за платежната сметка со основни функции, а не за стандардните трансакциски сметки.
Законот, значи, постои. Колку пати сте ја виделе оваа сметка на рекламен банер или Ви ја понудил службеник на шалтер?
Пред да преминете, проверете што е вклучено во основната сметка и дали ги покрива услугите што редовно ги користите. Најевтината сметка не е секогаш и најсоодветната ако за секоја дополнителна услуга плаќате посебно. Но и најскапата сметка е онаа што ја плаќате, а не ја користите.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Истражувањето SecuriMeter 2026 ги мери празниот резервен фонд и куферот во една анкета. Помалку граѓани од регионалниот просек размислуваат за...
Шест продолжувања, без образложение, договор преку е-пошта и работа во недела во пекарниците. Земјата во која Балканот со децении одеше...
Мерката се вика перплексност, а Сем Алтман го нарече текстот најважното што OpenAI го објавило во последно време. Останува прашањето...
Фондот со канцеларија во Талин вложува во фузија, вселена и ракети, а итноста отворено ја мери со оддалеченоста од Русија....
Индискиот патент стартапот го добил повеќе од една година откако Apple ја најави функцијата. Сега бара судот во Бомбај да...
Предлог-измените ја бришат одредбата според која 6% од основицата одат во вториот столб, а нова одредба нема. Ревизорите веќе утврдија...
Во 2024 акционерите ја одбија нејзината понуда од 3.200 денари за акција. Сега банката се продава од стечај, со почетна...
Студиите се во изработка, апликацијата е кај европските банки. Пред тоа, од понеделник почнува реконструкцијата на патот од Делчево до...
Наместо уште еден бран отпуштања, понуда сам да си заминеш. Шефот на Microsoft вели дека секоја работа ќе се сведе...
Стартап основан во февруари, од истражувач што ја остави вештачката интелигенција поради климатските промени. Ниту една централа на фузија досега...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.