Татко и син истепаа доктор и медицинска сестра пред „Јане Сандански“: законот предвидува до пет години затвор, а речиси 70% од нападите не се ни пријавуваат
23.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
22.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
22.11.2026
21.11.2026
23.11.2026
22.11.2026
21.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
22.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Се расипала машината за перење. Колата бара нов мењач. Детето треба на стоматолог. За 48,1 процент од граѓаните во Македонија, секоја од овие ситуации, ако чини околу 1.000 евра, значи позајмица или барање помош. Само 24,5 проценти велат дека таков трошок не би бил проблем, а 27,4 проценти не се ни сигурни.
Бројките се од регионалното истражување SecuriMeter 2026 на Советот за регионална соработка (RCC), спроведено од 1 до 17 септември. Анкетирани се 6.003 возрасни од шесте економии на Западен Балкан, од кои 1.000 во Македонија, лице в лице.
Од празниот резервен фонд до куферот
SecuriMeter ја мери и другата страна на оваа нервоза. Дури 26,1 процент од испитаниците во Македонија имаат намера да заминат од земјата. Кај 14,2 проценти планот е сè уште неопределен, 6,2 проценти веќе имаат конкретен план за преселба, а 5,7 проценти почнале да преземаат чекори за заминување. Тоа се 11,9 проценти кои не само што размислуваат, туку веќе се подготвуваат. Од другата страна, 68,1 процент велат дека не сакаат да ја напуштат земјата.
Македонија е под регионалниот просек по намерата за иселување, кој изнесува 29,3 проценти. Но кога станува збор за оние што веќе пакуваат, сме меѓу земјите со повисок процент во регионот. Со други зборови, помалку граѓани размислуваат за заминување отколку во регионот, но повеќе од нив веќе прават конкретни чекори.
Причините не се мистерија. 93,8 проценти од граѓаните се загрижени за трошоците за живот и инфлацијата, 81,7 проценти за работните места и платите, а 80,1 процент за самото иселување и намалувањето на населението. Значи луѓето се плашат од иселувањето, а дел од нив и самите размислуваат за него.
На ниво на целиот регион, повеќе од половина од младите на возраст од 18 до 24 години размислуваат за живот во странство.
Кога речиси половина од земјата не може да преживее неочекувана сметка од илјада евра без да позајми, прашањето зошто луѓето заминуваат си одговара само. Поважното прашање е друго: колку пати власта ќе ги чита ваквите истражувања како статистика, наместо како предупредување?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Шест продолжувања, без образложение, договор преку е-пошта и работа во недела во пекарниците. Земјата во која Балканот со децении одеше...
Три заборавени сметки во три банки лесно стануваат 3.600 денари годишно. Законот нуди основна сметка со ограничен надоместок, а за...
Мерката се вика перплексност, а Сем Алтман го нарече текстот најважното што OpenAI го објавило во последно време. Останува прашањето...
Фондот со канцеларија во Талин вложува во фузија, вселена и ракети, а итноста отворено ја мери со оддалеченоста од Русија....
Индискиот патент стартапот го добил повеќе од една година откако Apple ја најави функцијата. Сега бара судот во Бомбај да...
Предлог-измените ја бришат одредбата според која 6% од основицата одат во вториот столб, а нова одредба нема. Ревизорите веќе утврдија...
Во 2024 акционерите ја одбија нејзината понуда од 3.200 денари за акција. Сега банката се продава од стечај, со почетна...
Студиите се во изработка, апликацијата е кај европските банки. Пред тоа, од понеделник почнува реконструкцијата на патот од Делчево до...
Наместо уште еден бран отпуштања, понуда сам да си заминеш. Шефот на Microsoft вели дека секоја работа ќе се сведе...
Стартап основан во февруари, од истражувач што ја остави вештачката интелигенција поради климатските промени. Ниту една централа на фузија досега...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.