Skip to content

Анкети: Опозицијата води пред Орбан два дена пред изборите во Унгарија

1 мин. читање
Сподели

Унгарската опозициска партија Тиса води пред владејачкиот Фидес на премиерот Виктор Орбан два дена пред парламентарните избори закажани за недела, покажуваат најновите анкети објавени во весникот Непсава.

Орбан се соочува со најголемиот предизвик во неговото 16-годишно владеење, но големиот број неодлучни гласачи значи дека исходот на изборите останува неизвесен.

Тиса, предводена од поранешниот владин инсајдер Петер Магјар, ужива поддршка од 52 отсто меѓу одлучените гласачи, додека Фидес е поддржан од 39 отсто, според резултатите од анкетата на институтот Публикус во која учествуваа 1.000 испитаници.

Кога се земаат предвид сите гласачи, 38 отсто ја поддржуваат Тиса, а 29 отсто Фидес. Околу 25 отсто од испитаниците изјавија дека сè уште не одлучиле кого ќе поддржат.

Изборите во Унгарија се следат со посебно внимание од Европската Унија и соседните земји, со оглед на контроверзната надворешна политика на Орбан и неговите блиски односи со Москва и Пекинг.