Има ли експерти кои ќе ги учат градоначалниците на планско трошење?
20.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Најмалку четири лица загинаа во катастрофалните поплави што го погодија источниот дел на Бугарија. Апокалиптични сцени, објавени на социјалните мрежи, прикажуваат како надојдената вода носи автомобили и дрвја, оставајќи зад себе урнатини и огромна инфраструктурна штета.
Најтешко погодено е подрачјето околу Бургас, каде што, според бугарските медиуми, меѓу загинатите има и руска државјанка.„Телото беше пронајдено во кал и урнатини што ги носеше силниот бран. Нашите екипи – противпожарна служба, полиција и жандармерија се распоредени низ погодените области за да обезбедат сигурност и помош“, изјави вишиот комесар Владимир Маринов.

Властите во Бугарија ги ангажираа сите расположливи ресурси, вклучително и воен персонал и транспортниот баталјон од Командата за логистика во Бургас. Тие работат на расчистување на инфраструктурата и обезбедување пристап до јавните објекти во најпогодените населби, меѓу кои и туристичката зона Елените.
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, соопшти дека добил понуда за помош од Република Македонија, по телефонскиот разговор со претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
„Изразувам благодарност до претседателката Сиљановска Давкова за сочувството и подготвеноста на Македонија да помогне во справувањето со последиците“, изјави Радев.
Иако ситуацијата полека се стабилизира, метеоролозите предупредуваат на нови врнежи и можно зголемување на водостојот во наредните денови.

Најновите 10 вести од оваа категорија
Дер Шпигел објави шокантна истрага за наводни плаќања на богати западноевропски граѓани за убивање цивили за време на опсадата на...
Грчкиот премиер потврди дека системот Патриот пресретнал ракети насочени кон рафинерија во Саудиска Арабија, во рамки на одбранбени договори.
Американските разузнавачки служби го опишуваат Западен Балкан како простор каде интересите на големите сили продолжуваат да се судираат.
Аналитичар тврди дека Белград ја користи реториката за членство како покритие додека ги зајакнува врските со Русија и Кина.
Руската делегација во Виена предупреди дека воената модернизација на Хрватска го нарушува Дејтонскиот договор и ја загрозува безбедноста на регионот.
Професорот од Џонс Хопкинс смета дека иницијативата за фазен пристап цели забавување на проширувањето, а ЕУ-курсот на Србија е фарса.
Масовно иселување од Косово поради економска криза, додека формирањето на воениот сојуз Приштина-Загреб-Тирана предизвикува прашања за регионалната стабилност.
Српскиот министер за внатрешни работи ја обележа годишнината од погромот врз Србите на Косово и Метохија со силна порака и...
Техеран предупреди дека Романија ќе сноси меѓународна одговорност доколку дозволи САД да ги користат нејзините бази за операции против Иран.
Српскиот претседател одби да прими критики од хрватскиот колега за воорожувањето на Србија.