Битола го уредува запуштениот простор зад СВР - нови паркинзи низ градот
19.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Летот на авиокомпанијата „Рајанер“ од Бергамо, Италија до Клуж, Романија можеше да заврши со трагедија, откако еден од пилотите ја изгубил свеста непосредно пред слетувањето. Неговиот колега, копилотот, морал итно да ја преземе контролата врз авионот и успеал успешно да го приземји на аеродромот во Клуж, објави „Телеграф.рс“.
Инцидентот се случил на летот FR-2682, кој во четвртокот превезувал патници од Бергамо кон Клуж. Според извештаите, пилотот се онесвестил во пилотската кабина само неколку минути пред слетувањето, што предизвикало паника меѓу екипажот. Првично, контролната кула во Клуж добила сигнал „пан-пан“, што означува дека пилотот не се чувствува добро, но ситуацијата сè уште не претставува непосредна закана за безбедноста на летот. Меѓутоа, кога состојбата на пилотот нагло се влошила и тој ја изгубил свеста, копилотот испратил итен сигнал „мајдеј“ до контролата на летови.
Благодарение на неговата присебност и професионалност, копилотот успеал да го спушти авионот безбедно. Пистата 25 на аеродромот во Клуж веднаш била испразнета, а спасувачките служби биле подготвени за итна интервенција. Веднаш по слетувањето, амбулантно возило се погрижило за пилотот, кој во тој момент сè уште бил во несвест и бил пренесен во болница.
Портпаролот на аеродромот изјави дека интервенцијата била извршена „брзо и професионално“ и дека безбедноста на патниците во ниту еден момент не била загрозена. „Благодарение на смиреноста на капетанот и подготвеноста на спасувачките служби, немаше опасност за патниците“, изјави тој.
Поради инцидентот, заменска пилотска екипа морала да пристигне од Букурешт, што предизвикало доцнење од околу три часа на повратниот лет кон Италија. Иако ситуацијата беше критична, инцидентот заврши без повредени патници, а реакцијата на екипажот беше пофалена како пример на професионализам и присебност во итни услови.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Професорот од Џонс Хопкинс смета дека иницијативата за фазен пристап цели забавување на проширувањето, а ЕУ-курсот на Србија е фарса.
Масовно иселување од Косово поради економска криза, додека формирањето на воениот сојуз Приштина-Загреб-Тирана предизвикува прашања за регионалната стабилност.
Српскиот министер за внатрешни работи ја обележа годишнината од погромот врз Србите на Косово и Метохија со силна порака и...
Техеран предупреди дека Романија ќе сноси меѓународна одговорност доколку дозволи САД да ги користат нејзините бази за операции против Иран.
Српскиот претседател одби да прими критики од хрватскиот колега за воорожувањето на Србија.
Претседателката на српскиот парламент ги брани набавките на ракети и укажува дека земјата е во црвена тревога од 1999 година.
Белград стана првата европска држава со кинески ракети CM-400AKG, а Хрватска го покрена прашањето во НАТО.
Српскиот претседател тврди дека тројниот воен сојуз чека поволен геополитички момент за напад, додека Белград рекордно ги зголемува одбранбените трошоци.
Србија стана прва европска земја која ги набави кинеските CM-400 ракети со дострел до 250 км и брзина Мах 4,5,...
Српскиот претседател Вучиќ ги обвини хрватската разузнавачка служба СОА за организирање протести во Србија, а хрватскиот премиер Пленковиќ остро ги...