Државна лотарија: две апсења за проневера од 80 милиони денари, а главниот сведок на судот ја смени приказната
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
05.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
05.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
05.10.2026
04.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
05.10.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
06.10.2026
05.10.2026
04.10.2026
06.10.2026
05.10.2026
04.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски и бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова би можеле да се сретнат во четврток, 8 октомври, во Софија. Тоа не го соопшти Скопје, туку бугарското Министерство за надворешни работи, кое за агенцијата БТА изјави дека на маргините на министерската конференција за Коридорот 8 „ќе има можност да се одржи билатерална средба, која е дел од редовниот дијалог меѓу двете земји“.
Од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија засега нема официјална потврда дека Софија го прифатила барањето. Премиерот Христијан Мицкоски, при посетата на Теарце, рече дека одговор сè уште нема и дека Владата ќе коментира кога тој ќе пристигне. Значи, за средбата на македонскиот министер прво дознаваме од бугарска страна.
Иницијативата дојде по минатонеделната посета на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Мицкоски рече дека го послушал нејзиниот совет и побарал од Муцунски да испрати дипломатска нота со барање за средба. Тој ја отфрли тезата дека по разговорот бил незадоволен – напротив, вели, Фон дер Лајен ја оценила работата на Владата како „инспиративна“.
Од бугарска страна пораките се познати. Претседателката Илијана Јотова рече дека Бугарија е секогаш отворена за разговори, но без ултиматуми и без отстапки од европската политика, и дека прашањето не треба да се третира како билатерален спор, туку како дел од европската политика на проширување. Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов, пак, очекува спроведување на договорот за добрососедство.
Опозицијата не очекува ништо. Лидерот на СДСМ Венко Филипче смета дека вакви контакти требало да има и досега, а чекорите на власта ги оценува како алиби. „Стојме во место, поминуваат шансите покрај нас, а младите луѓе се селат“, вели тој.
Последната средба на двајцата министри беше во мај, на маргините на министерскиот состанок на НАТО во Хелсинборг, и двете страни тогаш останаа на своите позиции. Сега Скопје бара средба по совет од Брисел, а Софија одговара преку својата новинска агенција. Дали четвртокот ќе донесе вистински разговор, или само уште една фотографија на кауч пред логото на некоја конференција?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Бугарската претседателка вели дека Софија е отворена за разговори, а потоа набројува што Скопје мора да прифати пред да седне...
Уставните измени остануваат на маса, а Скопје побара билатерална средба со Бугарија. Од Софија засега нема одговор.
Додека Грција ѝ ги предаваше на Бугарија посмртните останки што се идентификуваат со Самуил, премиерот одговори со историја. Датумите не...
Брисел го кажа она што сакавме да го слушнеме за идентитетот, а за процесот - она што не сакавме. Муцунски...
Наместо дебата за тоа зошто опозицијата не расте, во СДСМ се води дебата кој за кого работи. Власта може само...
Опозицијата тврди дека Македонија ја нема на европскиот патоказ, власта одговара дека тоа е говор на омраза. Во Собранието, после...
Во 2022 година Скопје и Тирана заедно ги отворија преговорите. Сега Тирана се разгледува за забрзано членство, Скопје не е...
Директорот на Националната галерија е разрешен по инспекција, директорот на музејот во Крушево поднесе оставка по „Секси мама“. Случаите се...
Мицкоски вели дека веста е нелогична и дека неговите информации се поинакви. Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија, според Политико,...
Билатералните средби со Бугарија не носат ништо, вели министерот, а ЕУ мора директно да помогне. Посредник што е и страна...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.