Skip to content

Никој не се јави да го реновира Планетариумот во МКЦ: тендерот пропадна без ниту една понуда

0 мин. читање
Сподели
Никој не се јави да го реновира Планетариумот во МКЦ: тендерот пропадна без ниту една понуда

Град Скопје сака да го врати Планетариумот во Младинскиот културен центар. Проблемот е што никој не се пријави да го реновира. На тендерот за реконструкција не стигна ниту една понуда, па постапката е поништена.

Тендерот беше објавен на 27 октомври, а фирмите имаа рок до 13 ноември да достават понуди. Според спецификацијата, Градот бара целосна реновација на објектот, нов систем за греење и ладење, нова столарија и, како главна цел, пристапна рампа за лицата со попреченост.

Од Градот велат дека е во тек втора јавна набавка и дека „активно работат“ на проектот. Целта, според нив, е Планетариумот повторно да се отвори за љубителите на астрономијата и да прерасне во современ едукативен центар за децата и младите. Кога ќе почнат работите и кога вратите ќе се отворат за посетители, засега не се знае.

Кога ниту една фирма не се јавува на тендер, причините обично се пари, рокови или услови. Дали Градот ќе ги смени тие три работи во вториот тендер, или ќе го објави тендерот без промени и ќе чека подобра среќа?