Законот за високо образование ги доби последните корекции - наскоро во процедура
31.03.2026
31.03.2026
25.03.2026
12.03.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Русија агресивно ја промовира својата апликација Макс, социјална мрежа без енкрипција, додека истовремено ги блокира ВатсАп и Телеграм – двете најпопуларни апликации меѓу корисниците во земјата.
„Воопшто нема сообраќај на ВатсАп. Практично не постои. ВатсАп е мртов, Телеграм умира. Во меѓувреме, сообраќајот на Макс рапидно расте“, изјави директорот на рускиот телекомуникациски оператор Ростелеком, Михаил Осејевски, на конгресот на Рускиот сојуз на индустријалци.
Воведувањето на Макс предизвика загриженост меѓу критичарите и организациите за дигитални права, кои предупредуваат дека Москва би можела да ја користи апликацијата за надзор на граѓаните. „Сите податоци кои минуваат преку оваа апликација може да се сметаат за достапни за нејзиниот сопственик, во овој случај руската држава”, рече експертот за сајбер безбедност Батист Робер.
Апликацијата беше лансирана во 2025 година од рускиот технолошки гигант ВК и често се споредува со кинескиот ВиЧат бидејќи комбинира социјална мрежа и комуникациска платформа со пристап до државни услуги, дигитална идентификација и банкарство.
Иако не е официјално задолжителна, властите јасно сигнализираат дека животот без Макс ќе биде сe потежок. Претседателот Владимир Путин ја промовира како побезбедна платформа која ги исполнува барањата за „технолошки суверенитет” на земјата.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Хрватската компанија Верне, Убер и кинескиот Пони.еј ќе лансираат прва комерцијална услуга за автономни такси-возила во Европа.
Нови трендови на телекомуникацискиот пазар - оптичкиот интернет порасна 20%, а класичните повици продолжуваат да се намалуваат.
Астрономите идентификуваа планета на 35 светлосни години која постои во стопена состојба со температури од 1.900 степени на површината.
Xiaomi ја засили позицијата на премиум пазарот со лансирање на Xiaomi 17 и 17 Ultra во Европа, а серијата 17T...
По едномесечен период со намален екипаж, SpaceX и NASA успешно ја лансираа мисијата Crew-12 со четири астронаути кон Меѓународната вселенска...
Илон Маск и Џеф Безос вложуваат огромни ресурси во своите лунарни програми, обидувајќи се да ги вратат Американците на Месечината...
Уредите и искуствата од следната генерација, овозможени од вештачка интелигенција, ќе бидат претставени на ексклузивниот саем на компанијата до 7...
Кинескиот гигант BYD ја гради најголемата фабрика за автомобили во светот, која се наоѓа во кинескиот град Џенгжу. Градот Џенгжу,...
Google Photos отсекогаш бил повеќе од обична галерија. Благодарение на AI, корисниците можеа лесно да уредуваат, пребаруваат и креативно да...
Apple повторно ја возбуди технолошката сцена со iPhone Pocket – футрола изработена во соработка со Issey Miyake, со цена од...