Родителите на загинатите во „Пулс“: Со над 200 сведоци одбраната го развлекува судењето
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
21.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
21.11.2026
20.11.2026
22.11.2026
21.11.2026
20.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
20.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Неколку дена пред претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да слета во Скопје, владата испраќа нова порака кон Брисел: разговорите со Бугарија да не бидат повеќе само билатерални, туку во европски формат, со претставници на ЕУ на масата. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е пожелно дијалогот со Софија да продолжи со посредство на европски претставници, за да се слушнат аргументите на двете страни. Црвените линии, додава, остануваат – без отстапки.
Во позадина стои текстот на бриселскиот Политико, кој, повикувајќи се на двајца високи претставници на Комисијата, пишува дека ЕУ подготвува „патокази“ за пристапување за Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија. Македонија, Косово и Босна и Херцеговина ги нема на таа листа.
Мицкоски веста ниту ја потврдува, ниту ја прифаќа. „Таа информација ја објави медиум, не знам дали е точна, а ако е точна треба да се праша ЕУ зошто е тоа така“, изјави тој, потсетувајќи дека земјата испорачала најголем дел од реформите од Реформската агенда и Планот за раст. „Ако пристапувањето во ЕУ е процес во кој се оценува врз основа на заслуги, за мене ова е нелогично.“ Неговите информации, вели, се поинакви.
Посредник – излез или уште една чекалница?
Идејата за европско посредништво има своја логика. Скопје одамна бара гаранции дека исполнувањето на сегашниот услов – уставните измени со кои Бугарите би влегле во Уставот – нема да биде проследено со нови барања од Софија. Оттаму и инсистирањето на „предвидливост“. Брисел, од друга страна, останува на ставот дека токму тие уставни измени се следниот неопходен чекор. Засега нема официјална потврда дека каков било нов формат навистина е договорен.
Опозицијата не ја купува приказната. Од СДСМ го обвинуваат премиерот дека им ја одзел европската иднина на граѓаните, со реторика што тешко може да се помеша со дипломатија: „Нема двајца Мицкоски. Има еден арамија. Во опозиција брани колективен интерес. На власт го продава.“
Македонија е кандидат за членство од 2005 година. Украина и Молдавија кандидатски статус добија во 2022 година, а според Политико веќе се на листата за патокази. Посредникот може да помогне само ако има јасен мандат и рок. Без тоа, прашањето е дали добиваме решение – или уште еден шалтер пред кој ќе чекаме, овојпат со европски печат.
Најновите 10 вести од оваа категорија
На улица протест по нов случај од Битола, во Собранието одбиен амандман. Пријавите сега брзо ќе стигнуваат до обвинител, но...
Седум месеци пријави, судски мерки за заштита, па убиство. Обвинението стигна до деветмина од најниското скалило - прашањето е дали...
Министерката вели дека нема ретроактивност, само закон што досега не се применувал. А зошто не се применувал? „Најверојатно“ одлука на...
На 35-годишнината од Уставот, претседателката ги изброи измените и им порача на пратениците дека гласаат по сопствено уверување. Адресата на...
Во 21 од 36 амандмани посредувала меѓународната заедница. Претседателката бара гаранции дека следната измена нема да биде само уште една...
Едната пауза ја побара ДУИ, другата владејачкиот ЗНАМ, а опозицијата остана без ниту едно прашање. Сега правилото се менува, иако...
Вреди го вади потписот на Артан Груби, СДСМ вели дека станува збор за 1,85 отсто конфискувани акции на Мијалков, а...
Собранието ги изгласа измените што ги двојат праговите за набавки без тендер и ја тројат цената на жалбата. Премиерот вели...
Членот 13 што го стопираше претседателката падна. Сè друго остана: двојно повисок праг, поскапа жалба и надоместок за да се...
Премиерот вели дека претходната власт си скроила амнестија што не може да се поправи ретроактивно. Во новиот пакет има и...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.