Родителите на загинатите во „Пулс“: Со над 200 сведоци одбраната го развлекува судењето
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
21.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
21.11.2026
20.11.2026
22.11.2026
21.11.2026
20.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
20.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
21.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Европската комисија подготвува нов план за проширувањето и, според информациите за нацртот, посебни патокази за забрзување на членството се разгледуваат за четири земји: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија. Македонија не е меѓу нив. Нацртот сѐ уште не е конечна одлука – но веќе кажува многу за тоа каде нѐ гледа Брисел.
Наместо патоказ, на маса е нешто друго: поширок пристап до европскиот пазар пред членството, под строги услови. Комисијата би оценувала во кои области кандидатите ги усогласиле правилата и дали имаат институции способни да ги спроведуваат, со подлабока соработка во индустријата, истражувањето и технологиите. Корисно е. Но тоа е економски влез на задна врата, а не одговор за блокираните преговори.
Од „заедно со Албанија“ до „после Албанија“
Во јули 2022 година Македонија и Албанија заедно ги отворија пристапните преговори. Четири години подоцна Тирана се разгледува за забрзано членство, а Скопје го нема во тој нацрт. Дел од коментаторите веќе пишуваат дека земјата „паднала“ во групата со Косово, Србија и Босна и Херцеговина.
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема информација оти Македонија ќе остане без патоказ и ги оспори медиумските толкувања. Според него, земјата испорачала најголем дел од реформите од Реформската агенда и Планот за раст уште во два извештајни периода, па ако пристапувањето е процес заснован на заслуги, ова за него е нелогично. Бројките делумно му даваат за право: во мај Комисијата одобри нова исплата од 65,7 милиони евра од Инструментот за реформи и раст, со што ослободените средства за Македонија достигнаа 142,1 милион евра.
Истовремено, премиерот нуди и објаснување од сосема друг тип. Екстремистичкиот бран во Германија и Франција, неуспешниот референдум во Исланд за рестартирање на преговорите со ЕУ и подемот на Марин Ле Пен, според него, значат дека на Унијата не ѝ се пишува добро и дека проширувањето може да застане. Ако Унијата и така нема да се шири, зошто тогаш четири земји добиваат патоказ, а Македонија не?
Брисел не се поместува
Владата бара разговорите со Софија да се водат во поширок европски формат, со посредништво на ЕУ, и гаранции дека по исполнувањето на сегашните услови нема да следуваат нови билатерални барања. Засега нема официјална потврда дека таков формат е воспоставен. А официјалниот став на Унијата е ист: при посетата на Скопје на 2 јуни, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта повтори дека договорените уставни измени се неопходниот следен чекор.
Дел од експертите излез гледаат во дијалогот. „Идејата Европската Унија да посредува е добра и ние подолг период повикуваме улогата на ЕУ да се трансформира од пасивен медијатор во активен фасилитатор“, вели Симоновски од тинк-тенкот Естима, но предупредува дека Бугарија е членка на Унијата и тоа носи ризик за рамнотежата во процесот.
Ставот на Владата е познат: без гаранции, нема уставни измени. Ставот на Брисел е исто толку познат: без уставни измени, нема продолжување. Додека двата стојат еден наспроти друг, четири земји се движат напред, а Македонија чека на шалтер чиј број никој не го извикува. Патоказот, ако дојде, нема да го донесат изборите во Франција или референдумот во Исланд. Ќе дојде од договор меѓу Скопје и Брисел – или нема да дојде.
Најновите 10 вести од оваа категорија
На улица протест по нов случај од Битола, во Собранието одбиен амандман. Пријавите сега брзо ќе стигнуваат до обвинител, но...
Седум месеци пријави, судски мерки за заштита, па убиство. Обвинението стигна до деветмина од најниското скалило - прашањето е дали...
Министерката вели дека нема ретроактивност, само закон што досега не се применувал. А зошто не се применувал? „Најверојатно“ одлука на...
На 35-годишнината од Уставот, претседателката ги изброи измените и им порача на пратениците дека гласаат по сопствено уверување. Адресата на...
Во 21 од 36 амандмани посредувала меѓународната заедница. Претседателката бара гаранции дека следната измена нема да биде само уште една...
Едната пауза ја побара ДУИ, другата владејачкиот ЗНАМ, а опозицијата остана без ниту едно прашање. Сега правилото се менува, иако...
Вреди го вади потписот на Артан Груби, СДСМ вели дека станува збор за 1,85 отсто конфискувани акции на Мијалков, а...
Собранието ги изгласа измените што ги двојат праговите за набавки без тендер и ја тројат цената на жалбата. Премиерот вели...
Членот 13 што го стопираше претседателката падна. Сè друго остана: двојно повисок праг, поскапа жалба и надоместок за да се...
Премиерот вели дека претходната власт си скроила амнестија што не може да се поправи ретроактивно. Во новиот пакет има и...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.