Родителите на загинатите во „Пулс“: Со над 200 сведоци одбраната го развлекува судењето
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
21.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
21.11.2026
20.11.2026
22.11.2026
21.11.2026
20.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
20.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
21.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Девет медитерански членки на Европската унија се договорија во Сплит: величањето на воените злосторства и геноцидот е политичка пречка за влез во ЕУ. Тоа е суштината на Сплитската декларација, усвоена на самитот на групата МЕД9, каде Хрватска постигна консензус таквото однесување да се постави како услов за земјите кандидати. Србија никаде не се спомнува по име. Не беше ни потребно.
Лидерите бараат од кандидатите „вистинска посветеност на помирувањето и недвосмислено отфрлање на величањето на воените злосторства и геноцидот“. Во документот МЕД9 потврдува дека иднината на Западниот Балкан ја гледа во Унијата, а проширувањето го опишува како геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста и просперитетот. На постојните услови – реформи, владеење на правото, добрососедски односи – сега се додава и односот кон воените злосторства.
Месец по погребот на Младиќ
Иницијативата не падна од ведро небо. Само месец претходно, во Белград беше погребан Ратко Младиќ: илјадници луѓе, ковчег покриен со српското знаме, воени почести и членови на српската влада на испраќањето на човек осуден на доживотен затвор за геноцидот во Сребреница и за воени злосторства. Урсула фон дер Лајен и Антонио Коста тогаш ги нарекоа тие слики шокантни, а ЕУ порача дека за величањето воени злосторници, негирањето геноцид и ревизионизмот нема место ни во Унијата ни во земјите кандидати. Сега таа порака е впишана и во Сплитската декларација.
Домаќин на самитот, со кој заврши хрватското претседавање со МЕД9, беше премиерот Андреј Пленковиќ. Во Сплит ги пречека Емануел Макрон, Џорџа Мелони, Кирјакос Мицотакис, Никос Христодулидис, Роберт Абела, Луиш Монтенегро и Јанез Јанша. На самитот беа и Урсула фон дер Лајен, Антонио Коста, еврокомесарката за Медитеранот Дубравка Шуица, јорданскиот престолонаследник и монегашкиот кнез Алберт Втори.
Кој ќе го мери критериумот?
Со принципот тешко може да се спори: кој ги слави осудените за геноцид, тешко дека ги дели европските вредности. Но за балканските кандидати декларацијата носи и една постара, позната порака. Македонија е кандидат од 2005 година, го смени дури и своето име – и сè уште чека пред вратата. Таа добро знае како изгледа список на услови што само расте.
Затоа прашањето не е дали величањето на злосторниците е прифатливо. Не е. Прашањето е дали новиот критериум ќе се применува еднакво за сите, по јасни правила – или ќе стане уште еден лост што секоја членка ќе го вади од фиоката кога ќе ѝ затреба?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Едниот е убиен наутро кај Цетиње, другиот го запре црвената потерница на Интерпол пред летот за Белград. Кланските пресметки на...
Словачкиот премиер ја спореди Србија со Словачка од годините кога самиот беше во опозиција. Колку пати на Балканот правната држава...
Студентите освоија 140 мандати, а партијата што 14 години ги држеше сите полуги на државата сега се жали на диктатура...
Честитка пред полноќ, аплауз од клупите и објава на Инстаграм дека празникот „не постои“. А Бошњаците 20 ноември го слават...
Доцент со шест деца и органска фарма сега е и вршител на должноста претседател на Србија. Дали на друго место...
Студентската листа ги доби изборите, но Србија сè уште нема претседател на парламентот, затоа што поразениот не ја пушта говорницата....
Москва се жали дека ја истиснуваат од НИС, Белград тврди дека договорот е потпишан, а МОЛ демантира. Српската нафта живее...
Мајорот Горан Булајиќ загина кога неговиот МиГ-29 падна во нива кај Белград. Србија го чува воздушниот простор со ловци чија...
Човекот што со години ја водеше Србија сега бара збор од опозициската клупа, а првиот ден на новото мнозинство почна...
Подгорица сака од јануари минималецот за работа со средно образование да скокне од 600 на 1.250 евра, а пензиите да...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.