Родителите на загинатите во „Пулс“: Со над 200 сведоци одбраната го развлекува судењето
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
21.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
21.11.2026
20.11.2026
22.11.2026
21.11.2026
20.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
20.11.2026
22.11.2026
22.11.2026
21.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Македонските аеродроми се на пат кон рекордна година. Во првите девет месеци од 2026 година, Скопје и Охрид опслужиле 3.331.685 патници, 29 проценти повеќе отколку од јануари до септември лани, покажуваат податоците на ТАВ Македонија. Бројот на летови достигнал 22.147, што е раст од 10 проценти. За споредба, во цела 2025 година низ двата аеродрома поминале 3.475.288 патници – значи, за девет месеци е стигнато околу 96 проценти од лањскиот резултат.
Меѓународниот аеродром Скопје опслужил 3.065.692 патници, раст од 29,07 проценти, а охридскиот „Свети Апостол Павле“ 265.993 патници, раст од 26,76 проценти. Според Советот на меѓународни аеродроми – Европа (ACI Europe), Македонија во август била втор најбрзорастечки авијациски пазар во Европа.
Рекордот има име и презиме
Зад бројките стои една авиокомпанија. Унгарскиот нискобуџетен превозник Wizz Air („Визер“) превезол 63,8 проценти од патниците на скопскиот аеродром. На второто место е Pegasus Airlines со 9,4 проценти, па Turkish Airlines со 4,6, AJet со 3,5 и Austrian Airlines со 3,4 проценти. Во Охрид доминацијата е уште поголема – Wizz Air има 70 проценти од патниците, а следниот, Chair Airlines, има 8,7.
Растот дел го должи токму на дополнителниот капацитет: во јули авиокомпанијата го постави седмиот авион во својата база во Скопје. Годинава се отворени или вратени линии кон Неапол, Будимпешта, Палермо, Алгеро, Трабзон и Самсун од Скопје, како и кон Милано, Виена, Вроцлав и Катовице од Охрид.
Најфреквентна дестинација од Скопје е Истанбул, со 13,5 проценти од сообраќајот, а следуваат Базел-Милуз, Минхен, Дортмунд и Цирих. Од Охрид најмногу се лета за Братислава, Базел, Дортмунд, Меминген и Цирих.
„Очекуваме овој позитивен тренд на импресивен двоцифрен пораст на авиосообраќајот да продолжи“, вели генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт.
Рекордите се вистински. Но кога речиси два од секои три патници во Скопје и седум од десет во Охрид летаат со Wizz Air, целиот авијациски бум зависи од деловните одлуки на една компанија. Што ќе остане од рекордите ако некогаш таа реши своите авиони да ги пренасочи кон друг аеродром во регионот?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Предлог-измените ја бришат одредбата според која 6% од основицата одат во вториот столб, а нова одредба нема. Ревизорите веќе утврдија...
Во 2024 акционерите ја одбија нејзината понуда од 3.200 денари за акција. Сега банката се продава од стечај, со почетна...
Студиите се во изработка, апликацијата е кај европските банки. Пред тоа, од понеделник почнува реконструкцијата на патот од Делчево до...
Наместо уште еден бран отпуштања, понуда сам да си заминеш. Шефот на Microsoft вели дека секоја работа ќе се сведе...
Стартап основан во февруари, од истражувач што ја остави вештачката интелигенција поради климатските промени. Ниту една централа на фузија досега...
Shortical досега нема ниту еден потпишан договор за „изнајмено лице“, а понудата веќе ја рекламира со големи букви. Во Кина,...
Две бројки за едно четиричлено семејство. Министерот признава дека цените растат, а нови мерки засега нема.
Растат и штедењето и долгот, а просекот не кажува кој штеди, а кој собира рати. Ниту од што се задолжуваат...
Реален раст од 5,2 отсто е добра вест. Програмерот, сепак, во просек заработува двапати и пол повеќе од келнерот, а...
Од берзите исчезнаа речиси 9.000 милијарди долари, а ни најголемиот излез на берза во историјата не ја запре паниката. Приказната...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.