Октомври, а Македонија сè уште гори: 30 пожари за еден ден, пет од нив на депонии и ѓубре
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
08.10.2026
08.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
08.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
08.10.2026
07.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
08.10.2026
09.10.2026
08.10.2026
07.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Мачката ти лежи во скутот, преде, а ти си мирен: значи е среќна. Понекогаш е. Но ветеринарите предупредуваат дека она познато „прр, прр“ мачките го произведуваат и кога се исплашени, под стрес или во болка – на пример на масата кај ветеринарот, каде што ниедна мачка не е среќна.
Што е всушност предењето? Ветеринарот Игнасио Молина од ветеринарната болница AniCura Estoril објаснува дека се работи за ритмични контракции на мускулите на гркланот, кои го отвораат и затвораат гласниот процеп. Резултатот е мека, ритмична и најчесто непрекината вибрација, која мачката може да ја произведува и додека вдишува и додека издишува.
Ветеринарката Барбара Фебрел од клиниката Clinicanimal додава дека предењето е пред сè начин на комуникација. Мачките-мајки преку него го одржуваат контактот со мачињата, а мачињата почнуваат да предат уште многу мали. Возрасните мачки предат и кога се опуштени – кога ги галиш, кога одмораат или кога се покрај луѓе со кои имаат добра врска – но и кога комуницираат со други мачки.
Кога „прр“ значи нешто друго
Некои мачки предат и во ситуации на страв, стрес, непријатност или болка: при посета на ветеринар, во непознат простор или кога ги мачи нешто физички. Двајцата специјалисти претпоставуваат дека предењето тогаш би можело да работи како механизам за самосмирување – мачката буквално сама себеси се теши. Но и двајцата нагласуваат дека тоа е хипотеза, а не докажан факт, и дека за предењето уште многу не знаеме.
Затоа звукот сам по себе не кажува многу. Важна е целата слика, а пред сè – промената во однос на вообичаеното однесување. Знаци за тревога се: мачката се крие повеќе од обично, избегнува допир, помалку се движи, ги менува навиките за јадење или спиење, седи згрчено или е чувствителна на допир. Вреди да се следи и јазикот на телото – држењето, ушите, очите.
Ако мачката преде, а притоа се повлекува, е помалку активна или покажува непријатност, ветеринарите советуваат преглед за да се исклучи здравствен проблем. Мачките се мајстори во криењето болка, а предењето, излегува, може да им биде дел од маската. Колку пати сме го протолкувале како „сè е во ред“ токму кога не било?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Златниот ретривер е една од најомилените раси на кучиња во светот, познат по својата нежност, интелигенција и неверојатна приврзаност кон...
„Од куче речиси ништо не можеш да сокриеш“, вели д-р Николас Додман, почесен професор и основач на Одделот за однесување...
Жените и кучињата имаат толку силна врска што понекогаш може да ги засени и некои човечки односи. Но не било...
Ако некогаш сте го гледале вашето куче додека спие, веројатно сте забележале како му се мрдаат нозете, му се мрда...
ЏЕЈМС Секстон, еден од најпознатите адвокати за развод во Америка, откри зошто, според него, толку многу бракови се распаѓаат. Со...
Хранењето на вашето куче со правилна количина висококвалитетна храна е едноставен, но многу важен начин да го задржите здравјето на...
Секој сопственик на куче сака да знае дали неговиот четириножен пријател е среќен. Добрата вест е што кучињата имаат многу...
Дали знаевте дека ова е знак за висока емоционална интелигенција?
Нема сомнеж дека малите кучиња имаат посебен шарм. Лесни се за патување, имаат долг животен век, а многу од нив...
Иако миленичињата се дел од нашите семејства, сè уште постојат многу митови што се пренесуваат од генерација на генерација. Некои...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.