Мерки на претпазливост, па притвор: што се смени во обвинителството по нападот врз Сара од Охрид?
17.11.2026
17.11.2026
17.11.2026
17.11.2026
17.11.2026
17.11.2026
17.11.2026
17.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
17.11.2026
17.11.2026
16.11.2026
17.11.2026
17.11.2026
17.11.2026
17.11.2026
16.11.2026
15.11.2026
17.11.2026
16.11.2026
15.11.2026
17.11.2026
17.11.2026
16.11.2026
17.11.2026
16.11.2026
15.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Во Крива Паланка повеќе од илјада грла крупен добиток се движат без никаков надзор. Низ селата и низ населените места. Уништуваат земјоделски насади, оштетуваат јавен и приватен имот и ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот. Дел од жителите, револтирани, најавуваат блокада на магистралниот пат кон граничниот премин со Бугарија.
Ова не е проблем што се појавил вчера. И токму тоа е најлошиот дел од приказната.
Државата одлучила, па заборавила
„Повеќе од две години постојат правосилни и извршни решенија за одземање на добитокот. Државата донела одлуки, но таа сè уште не е целосно спроведена. За тоа време проблемот расте, штетите се зголемуваат, а граѓаните со право ја губат довербата во самите институции“, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.
Правосилно и извршно значи дека нема што повеќе да се одлучува. Останува само некој да дојде и да го изврши. Две години никој не дошол до крај. Општината претходно побара од Владата да прогласи 30-дневна кризна состојба, поради недостиг од возила, капацитети и простор за сместување на заловените животни.
Сега Митовски бара нешто друго. Вели дека од државата не бара пари, механизација ниту средства од буџетот, туку законски мандат. „Сè што барам од вас е да ми дадете законски мандат. Барам правен механизам што ќе ми овозможи да ја преземам организацијата и координацијата на терен, заедно со сите останати надлежни институции“, порача тој до Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство. Ако го добие, вели, проблемот ќе го реши за помалку од 10 работни дена. „Ова понижување на граѓаните на државата мора да заврши.“
Кравите со македонски маркици стигнаа во Србија
Проблемот веќе не е само паланечки. Говеда со македонски ушни маркици ја преминуваат границата и стигнуваат до селата Голеш, Караманица, Жеравино, Горња и Доња Тламино во општина Босилеград. Медиумскиот соработник од Босилеград, Мирослав Пеневиќ, набројува штети: уништени овоштарници, компири, градини и оранжерии, превртени кошници со пчели, искршени огради и чешми, па дури и урнати споменици и надгробни плочи на селските гробишта.
Пеневиќ укажува и на нешто што често се заборава: самите животни страдаат. Без постојана храна и вода, на студ, без ветеринарна контрола, изложени на волци и инфекции.
Кравите имаат ушни маркици, што значи дека се евидентирани во системот. Кој е тогаш одговорен што повеќе од илјада животни со години талкаат слободно? И ако општината вели дека може да го реши проблемот за десет работни дена, што чека Владата за да ѝ одговори?
Најновите 10 вести од оваа категорија
На изворот 0,89 НТУ, во градската мрежа до 1,8. Водата се заматува некаде на патот до чешмата, а водоводот не...
Над тон убојни средства и околу 135 килограми експлозив покрај градот. Ги чистат пиротехничари на државата и поранешни полицајци на...
Градоначалникот се заблагодари на Владата и вети побрзи интервенции. Соопштението не кажува колку чинеше набавката ниту колку минути ѝ требаат...
Бебе родено со 715 грама заминало дома, а доенечката смртност е под просекот на ЕУ. Следниот проблем е пред породилиштето:...
Учениците во Центар два и пол месеци чекаат оброк што беше ветен како бесплатен. Опозицијата во општината вика „излажани“, а...
Три форуми за граѓански буџет, во среда, четврток и понеделник попладне. Добра идеја, но повикот не кажува колкав дел од...
Илинден, Петровец, Карпош, Ѓорче Петров и Центар. Списокот на улиците и часовите, и едно прашање зошто токму во работно време.
Лицата со дијабетес не можат без игли, ленти и сензори - па решија барем да засадат дрвја за отпадот што...
Од зградата на Матичната управа паднал метал и повредил тројца луѓе - а на местото на настанот најголем проблем станала...
Над 600 проекти, еден милион денари за најдобрите - и идеи за проблеми со кои секој од нас се сретнал....
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.