Притвор за напаѓачот од Охрид дури по нови докази: Јанев најавува санкции за полицајци што ги газат процедурите
18.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
17.11.2026
16.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
17.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
17.11.2026
16.11.2026
18.11.2026
17.11.2026
16.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
17.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
На 17 ноември 1991 година Собранието го донесе Уставот на независна Македонија, со 92 гласа „за“ и 22 „против“. Триесет и пет години подоцна, на дебатата по повод годишнината, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја кажа бројката што тежи повеќе од сите свечени говори: 36 амандмани.
„Во компаративното уставно право ние сме рекордер во измени на Уставот. Што станува со уставниот патриотизам? Не знам, сами треба да се запрашаме“, рече таа. Првите амандмани дојдоа веќе во 1992 година, кога, според нејзините зборови, мастилото уште не било исушено. Уставот е менуван во осум наврати, а најобемната ревизија беше онаа од 2001 година, по Охридскиот рамковен договор.
Втората бројка е уште поважна. Според Сиљановска-Давкова, во 15 случаи измените биле иницирани однатре, а во 21 случај посредувала меѓународната заедница, и за тоа, вели, треба сериозно да се размисли.
Потоа им се обрати директно на пратениците: „Вие пратениците нè претставувате нас, ги претставувате граѓаните и гласате по сопствено уверување. Јас имам голем проблем да барам од вас да го смените Уставот.“
Пораката не беше апстрактна. Пред медиумите претседателката рече дека Македонија е подготвена за разговори со Бугарија, но бара гаранции дека нема да има нови уставни измени. „Ние само сакаме да не биде ова уште една измена заради измена по која ќе следи нова“, рече Сиљановска-Давкова. Државата, според неа, не бара привилегиран третман, туку еднакви правила и предвидливост на патот кон Унијата. Таа предложи претседателот на Собранието Африм Гаши почесто да ја свикува Комисијата за уставни прашања и во нејзината работа да вклучи независни експерти.
Устав што се менува по надворешна нарачка полека престанува да биде договор меѓу граѓаните и државата. Прашањето што го постави претседателката останува отворено: кој гарантира дека следната измена е последната?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Едната пауза ја побара ДУИ, другата владејачкиот ЗНАМ, а опозицијата остана без ниту едно прашање. Сега правилото се менува, иако...
Вреди го вади потписот на Артан Груби, СДСМ вели дека станува збор за 1,85 отсто конфискувани акции на Мијалков, а...
Собранието ги изгласа измените што ги двојат праговите за набавки без тендер и ја тројат цената на жалбата. Премиерот вели...
Членот 13 што го стопираше претседателката падна. Сè друго остана: двојно повисок праг, поскапа жалба и надоместок за да се...
Премиерот вели дека претходната власт си скроила амнестија што не може да се поправи ретроактивно. Во новиот пакет има и...
Гаши ја пресмета паузата во времето на опозицијата, мнозинството побара уште една, и двата часа поминаа. Следна точка на дневен...
Една тивка промена на фраза требаше да им овозможи на членовите на комисијата за тендерски жалби да се реизбираат без...
Премиерот признава дека изборите политички му одговараат, но вели дека шест месеци техничка влада би ја однеле државата во банкрот....
Претседателката го запре законот, мнозинството отсече еден член и тргна понатаму. Спорните одредби за кои предупредуваше опозицијата не беа на...
Седум години работа, 33 европски директиви и ниту еден јавен збор за прашањето што ја потресе земјава во 2023. Текстот...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.