500 евра за потпис на неисправен елаборат: Советник во ДЗС фатен со ковертот во рака
19.11.2026
19.11.2026
19.11.2026
19.11.2026
19.11.2026
19.11.2026
19.11.2026
19.11.2026
18.11.2026
17.11.2026
19.11.2026
19.11.2026
18.11.2026
19.11.2026
19.11.2026
19.11.2026
19.11.2026
18.11.2026
17.11.2026
19.11.2026
18.11.2026
17.11.2026
19.11.2026
19.11.2026
18.11.2026
19.11.2026
18.11.2026
17.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
„Точно е дека затворивме уште околу 33 училишта затоа што нема првачиња.“ Со оваа реченица министерката за образование Весна Јаневска одговори на пратеничкото прашање на Димитар Ковачевски од СДСМ. Бројката е јасна. Сè друго во одговорот беше ветување.
Ковачевски праша дали оптимизацијата на училишната мрежа, затворањето и спојувањето паралелки и префрлањето ученици навистина носат подобро образование, или едноставно ги намалуваат трошоците. Побара конкретни податоци: колку деца се префрлени, колку далеку патуваат, дали имаат бесплатен и безбеден превоз, што станува со наставниците. Како аргумент наведе податок од Државниот завод за статистика: на почетокот на учебната 2025/2026 година, во редовното основно образование биле запишани 3,6 проценти помалку ученици од годината пред тоа.
Ниту еден наставник без работа, вели министерката
Јаневска одговори дека реформите имаат поддршка од УНИЦЕФ, кој направил анализа за вишокот паралелки и наставници и изработил план за оптимизација, а дека добрата насока ја потврдил и извештајот на ЕУ за 2026 година. Ниту еден наставник, вели, не останал без работа и нема да има трансформација на работните односи. Нови вработувања ќе има само каде што е неопходно, на пример во Скопје, а наставниците ќе се заменуваат кога ќе се пензионираат. Конкретни бројки за наставниците, сепак, не можеше да посочи.
Имаше и политичка порака: „Во минатото образованието, а веројатно и некои други сектори, служело за купување социјален мир. Тоа го правеле сите влади во минатото.“
Резултатите, за една деценија
Како пример министерката го посочи училиштето во Долни Балван, Карбинци, од каде децата се префрлиле во поголемо училиште во соседно село и, според неа, се презадоволни. Децата во поголема група, вели, повеќе се дружат, се натпреваруваат и создаваат емотивни врски.
Ефектот од мерката ќе се анализира по завршувањето на учебната година, а вистинските резултати во квалитетот на образованието се очекуваат за осум до десет години. Значи, училиштата се затвораат денес, а дали тоа било добра одлука ќе знаеме кога денешните првачиња ќе бидат тинејџери.
Демографскиот проблем не го оспорува никој, ни самиот Ковачевски. Но прашањата на Ковачевски за превозот, растојанијата и бројот на префрлени деца останаа без бројки. Ако реформата е толку добро анализирана, зошто тие податоци не се на маса?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Директорот на „Исар“ соопшти дека дефектот е отстранет. Наредниот ден главната линија пукна повторно, а градоначалникот прогласи кризна состојба.
Мегапарк на Вардариште, нови мостови и прва подземна улица. Долгиот список ветувања дојде со музика и публика од партијата, а...
Одбележувањето го организираа здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел. Тие го чуваат споменот, година по година.
Капиштец, Водно, Кисела Вода, а денеска Љубош и Батинци. Градот се фали со помали долгови на „Водовод“, а цевките продолжуваат...
Повеќе простор за пешаци и велосипедисти, нова мрежа во Маџир Маало. Само датумот кога ќе завршат двете реконструкции не е...
Цистерни со техничка вода за граѓаните немаше. Нова цистерна „Исар“ има, но таа е за одржување на улиците.
Вакцината е бесплатна и за девојчињата и за момчињата, а двете дози ги прима само половина од децата. Лани над...
Градоначалникот вели дека затекнал долг од речиси 300 милиони евра. Отчетот го пишува тој, а резултатите Скопјани ги проверуваат на...
По предупредувањата на американските амбасади во Софија и Приштина, директорот на АНБ вели дека проценката за Македонија не се менува,...
Новите возила имаат дефибрилатор и кислородна поддршка. Она што службата нема се луѓе што ќе ги возат и ќе работат...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.