500 евра за потпис на неисправен елаборат: Советник во ДЗС фатен со ковертот во рака
19.11.2026
19.11.2026
19.11.2026
19.11.2026
19.11.2026
19.11.2026
19.11.2026
19.11.2026
18.11.2026
17.11.2026
19.11.2026
19.11.2026
18.11.2026
19.11.2026
19.11.2026
19.11.2026
19.11.2026
18.11.2026
17.11.2026
19.11.2026
18.11.2026
17.11.2026
19.11.2026
19.11.2026
18.11.2026
19.11.2026
18.11.2026
17.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Управата за јавни приходи ги проверува парите што граѓаните ги добиле од странство и бара данок за пет години наназад. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Собранието порача дека тоа не е ретроактивно оданочување, туку закон што секогаш важел. Добро. Тогаш останува поважното прашање: зошто никој не го применувал досега?
Темата ја отвори пратеничката Рина Ајдари од Европскиот фронт, која тврдеше дека УЈП „ретроактивно“ поднесува даночни пријави за луѓе што работеле во странство и дека најпогодени се граѓаните од Полошкиот и Кумановскиот Регион. Министерката го отфрли етничкото толкување и посочи дека први реагирале Македонци од Куманово што работеле во Авганистан. „Данокот не препознава Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи“, рече таа.
Што всушност вели законот
Законот за даночна постапка, во член 110, предвидува петгодишен рок на застареност за утврдување данок, кој почнува да тече по истекот на годината во која е остварен приходот. При даночно затајување рокот е десет години. УЈП уште во октомври соопшти дека проверува податоци од банките за приливи од странство во 2021 година и дека испратила персонализирани известувања до дел од граѓаните.
Важно за секој што добил таков допис: не е секој прилив од странство приход за оданочување. Според УЈП, подарок, семејна поддршка, позајмица или обичен трансфер пари не се автоматски оданочив доход. Данок се плаќа на плата, хонорари, фриленс работа, закуп, дивиденди, камати и слично. Сè зависи од основот по кој се примени парите и од документите со кои тоа може да се докаже.
„Најверојатно“ како одговор
Најинтересната реченица од седницата е онаа што помина најтивко. На прашањето зошто контролите почнуваат дури сега, министерката одговори: „Тоа што порано не се вршеле контроли, а сега се вршат, најверојатно е одлука на луѓето што работеле во регионалните дирекции.“
Најверојатно. Министерката за финансии не знае со сигурност зошто нејзината даночна управа порано не проверувала дали се плаќа данок на приходите од странство. Обврската постоела, велат сите. Контролата не постоела. Сега сметката пристигнува кај граѓаните, а за тоа кој одлучил да не се контролира засега не одговара никој.
Дали некој во УЈП ќе објасни зошто проверките не почнале порано, додека рокот од пет години сè уште ги покриваше и постарите години?
Најновите 10 вести од оваа категорија
На 35-годишнината од Уставот, претседателката ги изброи измените и им порача на пратениците дека гласаат по сопствено уверување. Адресата на...
Во 21 од 36 амандмани посредувала меѓународната заедница. Претседателката бара гаранции дека следната измена нема да биде само уште една...
Едната пауза ја побара ДУИ, другата владејачкиот ЗНАМ, а опозицијата остана без ниту едно прашање. Сега правилото се менува, иако...
Вреди го вади потписот на Артан Груби, СДСМ вели дека станува збор за 1,85 отсто конфискувани акции на Мијалков, а...
Собранието ги изгласа измените што ги двојат праговите за набавки без тендер и ја тројат цената на жалбата. Премиерот вели...
Членот 13 што го стопираше претседателката падна. Сè друго остана: двојно повисок праг, поскапа жалба и надоместок за да се...
Премиерот вели дека претходната власт си скроила амнестија што не може да се поправи ретроактивно. Во новиот пакет има и...
Гаши ја пресмета паузата во времето на опозицијата, мнозинството побара уште една, и двата часа поминаа. Следна точка на дневен...
Една тивка промена на фраза требаше да им овозможи на членовите на комисијата за тендерски жалби да се реизбираат без...
Премиерот признава дека изборите политички му одговараат, но вели дека шест месеци техничка влада би ја однеле државата во банкрот....
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.