500 евра за потпис на неисправен елаборат: Советник во ДЗС фатен со ковертот во рака
19.11.2026
19.11.2026
19.11.2026
19.11.2026
19.11.2026
19.11.2026
19.11.2026
19.11.2026
18.11.2026
17.11.2026
19.11.2026
19.11.2026
18.11.2026
19.11.2026
19.11.2026
19.11.2026
19.11.2026
18.11.2026
17.11.2026
19.11.2026
18.11.2026
17.11.2026
19.11.2026
19.11.2026
18.11.2026
19.11.2026
18.11.2026
17.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Уставот на Македонија наполни 35 години, а претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го одбележа роденденот со бројка што повеќе личи на дијагноза: 36 амандмани. „Во компаративното уставно право ние сме рекордер во измени на Уставот“, им рече таа на пратениците на свеченото обележување во Собранието.
Од тие 36 измени, според неа, само 15 биле иницирани однатре. Во 21 случај посредувала меѓународната заедница. Уставот бил донесен на 17 ноември 1991 година со 92 гласа „за“ и 22 „против“, а веќе следната година, „уште неисушено мастилото“, дојдоа првите два амандмани. „Барањето дојде од надвор. Ние правниците тоа го нарекуваме наметнати промени“, рече Сиљановска-Давкова.
„Голем проблем“ со новата измена
Претседателката, која во 1991 година била надворешна членка на Комисијата за уставни прашања, не остави простор за двосмисленост: „Вие пратениците нè претставувате нас, ги претставувате граѓаните и гласате по сопствено уверување. Јас имам голем проблем да барам од вас да го смените Уставот.“
Реченицата има јасна адреса. Македонија, вели таа, е подготвена за разговор со Бугарија, но бара гаранции дека евентуалната уставна измена нема да биде проследена со нови условувања. „Ние само сакаме да не биде ова уште една измена заради измена по која ќе следи нова“, изјави таа. Земјата, според неа, не бара привилегиран третман, туку исти правила и предвидливост како и другите кандидати.
Експерти во Собранието
Конкретниот предлог е скромен, но разумен. Сиљановска-Давкова предложи собраниската Комисија за уставни прашања да биде проширена со надворешни експерти по уставно право, кои заедно со пратениците постојано би го следеле спроведувањето на Уставот. Од претседателот на Собранието, Африм Гаши, побара комисијата да се свикува почесто.
Гаши, пак, зборуваше за Уставот како основа за стабилност, демократски развој и општествена кохезија. Убави зборови за документ што, ако се верува на бројките на претседателката, повеќе пати бил менуван со посредство однадвор отколку на домашна иницијатива.
Прашањето што го постави самата Сиљановска-Давкова останува без одговор: ако Уставот е закон над законите и најважниот договор меѓу граѓаните и државата, зошто толку често се менува? И кој ќе гарантира дека 37-миот амандман, ако дојде, ќе биде последниот што некој ќе го побара однадвор?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Министерката вели дека нема ретроактивност, само закон што досега не се применувал. А зошто не се применувал? „Најверојатно“ одлука на...
Во 21 од 36 амандмани посредувала меѓународната заедница. Претседателката бара гаранции дека следната измена нема да биде само уште една...
Едната пауза ја побара ДУИ, другата владејачкиот ЗНАМ, а опозицијата остана без ниту едно прашање. Сега правилото се менува, иако...
Вреди го вади потписот на Артан Груби, СДСМ вели дека станува збор за 1,85 отсто конфискувани акции на Мијалков, а...
Собранието ги изгласа измените што ги двојат праговите за набавки без тендер и ја тројат цената на жалбата. Премиерот вели...
Членот 13 што го стопираше претседателката падна. Сè друго остана: двојно повисок праг, поскапа жалба и надоместок за да се...
Премиерот вели дека претходната власт си скроила амнестија што не може да се поправи ретроактивно. Во новиот пакет има и...
Гаши ја пресмета паузата во времето на опозицијата, мнозинството побара уште една, и двата часа поминаа. Следна точка на дневен...
Една тивка промена на фраза требаше да им овозможи на членовите на комисијата за тендерски жалби да се реизбираат без...
Премиерот признава дека изборите политички му одговараат, но вели дека шест месеци техничка влада би ја однеле државата во банкрот....
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.