САСА ОТПУШТА РАБОТНИК: ЗА ЕДЕН ЧОВЕК СЕ МЕНУВА СИСТЕМАТИЗАЦИЈАТА – ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО РУДНИКОТ?
21.11.2026
21.11.2026
21.11.2026
21.11.2026
21.11.2026
21.11.2026
21.11.2026
21.11.2026
20.11.2026
19.11.2026
21.11.2026
21.11.2026
20.11.2026
21.11.2026
21.11.2026
21.11.2026
21.11.2026
20.11.2026
19.11.2026
21.11.2026
20.11.2026
19.11.2026
20.11.2026
20.11.2026
19.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Рудникот САСА, еден од најзначајните рударски капацитети во Македонија, со известување од 17 ноември 2026 година ги информира вработените дека се донесени одлуки за организациски промени, измена на систематизацијата и престанок на работниот однос на еден работник од деловни причини.
Според известувањето, одлуките се поврзани со финансиската и организациската состојба на компанијата. Но во самиот документ нема конкретни финансиски показатели што би ја објасниле неопходноста од ваквата мерка.
Сопственик на рудникот е ЦМК Европа ДООЕЛ Скопје, компанија регистрирана во 2015 година.
И тука започнуваат прашањата што јавноста заслужува да ги слушне.

Зошто се менува систематизацијата за престанок на работниот однос на само еден човек? Дали навистина се укинува работно место или се отстранува конкретен работник?
Дали работничките претставници биле консултирани? Кои економски или организациски показатели ја оправдуваат одлуката? Дали истите работни задачи ќе продолжат да ги извршуваат други лица?
Секако, работодавачот има право да ја реорганизира работата. Но тоа право не смее да се користи за прикривање незаконско отпуштање.
Ако постојат реални деловни причини, зошто тие не се објаснети со конкретни податоци во известувањето до работниците?
Рудното богатство е национален ресурс. Компанијата може да биде приватна, но почитувањето на работничките права е прашање од јавен интерес.
Еден работник можеби е само бројка во систематизацијата. Но зад таа бројка стои човек, семејство и егзистенција.
Најпрво, 34 работници со инвалидитет, со исплатена отпремнина, биле префрлени на работа во друга фирма. Потоа, според добиените информации, на повеќе работници им бил прекинат работниот однос со исплата на паричен надоместок.
Рудното богатство е национален ресурс, а работниците не смеат да станат само ставка за намалување на трошоците.
Јавноста заслужува одговор: Дали САСА се соочува со реални економски тешкотии или станува збор за деловна реорганизација во која најголемата неизвесност ја носат работниците?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Пациентите од ортопедијата евакуирани за неколку минути, дел од персоналот на кислород. Останува прашањето кој пали цигара на тераса од...
Резултатот не се оспорува, се оспорува патот до него. Ако процедурите при претресот навистина паднале, кој ќе одговара за тоа?
Пиштол „Црвена Застава“ со седум куршуми во возило на јавното претпријатие. Полицијата го потврдува оружјето, но не и заканите за...
Заматена вода стигнала и до болницата и до градинката. Мерењата сега се во граници, а никој сè уште не кажал...
Власта побара шест години од УНЕСКО, опозицијата бара пари за попис на дивоградбите. Вистинскиот тест е гласањето, не прес-конференцијата.
Тепање, грабеж и снимање на мобилен, едно по друго. Државата најави мерки пред шест месеци, а нема ни годишни податоци...
На улица протест по нов случај од Битола, во Собранието одбиен амандман. Пријавите сега брзо ќе стигнуваат до обвинител, но...
На Светскиот ден на детето имаше ѕвонче, говори и фотографии. Приоритет, сепак, се мери во места во градинките, а не...
Министерот донесе бројка од околу 100 милиони денари. Најважниот пат за возачите засега има проект и ветување, но нема изведувач...
Поранешната градоначалничка тврди дека зграда од 12 ката е легализирана како да е градена во 2010, со фирма од 2020....
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.