Крива Паланка: 104 пријави за семејството со кравите, а сега и жена со скршена нога
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
22.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
22.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
22.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Фото: Stanislav Kondratiev / Pexels, Pexels License
Продала околу 80 милиони албуми. „Orinoco Flow“ и „Only Time“ ги знае секој што слушал радио во деведесеттите, а нејзиниот глас стои зад „May It Be“ од „Господарот на прстените“. Па сепак, Ења е една од ретките светски ѕвезди за која речиси ништо не се знае. И тоа не е случајно.
65-годишната ирска пејачка, родена во Гвидор во округот Донегал, живее повлечено во замок што го купила во 1997 година. Имотот се проценува на околу 3,8 милиони евра. Го прекрстила во Мандерли, по куќата од романот „Ребека“ на Дафни ди Морие, а кој го читал романот, знае дека Мандерли не е место за гости.
Во интервју за британскиот „Гардијан“ во 2000 година замокот го нарекла „многу мал“. Има шест спални соби. Според американското списание US Weekly, таму живее со мачки и мал број вработени. Нејзиното богатство се проценува на околу 98 милиони фунти, односно околу 150 милиони долари.
За бракот е јасна: сопруг не сака. За семејството вели дека ќе дојде ако е судено да дојде. Во индустрија каде што ѕвездите продаваат свадби, бебиња и разводи на рати, Ења продаваше само музика.
Тишината годинава ја скрши тага. Во април 2026 година почина нејзината сестра Моја Бренан, гласот на ирската група „Кланад“, на 73 години. Ења дошла на погребот и објавила порака во која сестра си ја опишала како блиска пријателка. Еден од ретките моменти кога јавноста ја видела без ѕидовите на замокот меѓу неа и светот.
Можеби најинтересното прашање не е колку пари има, туку како успеала. Децении кариера без скандал, без ријалити и без профил на мрежите што секој ден бара внимание. Дали денес воопшто е можно да станеш светска ѕвезда, а да останеш непознат?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Книгата на Том Сајкс уште не е ни објавена, а веќе ги дели членовите на кралското семејство на корисни и...
Брус Вилис има 71 година и живее со фронтотемпорална деменција. Ќерка му сподели еден тивок момент со него, па го...
Три врва за 24 часа, камера за која јавноста не знаеше и принцеза што за ракот зборува без протоколарни фрази....
Состанок на слепо во 2021, прстен во Кјото, а венчавка во пустината со неколку блиски луѓе и рок-музичар наместо матичар.
Досега Шарлин само претседаваше со Регентскиот совет. Од крајот на годината, ако нешто му се случи на Алберт пред Жак...
Внуката на Аристотел Онасис купи 13-годишна холштајнска кобила и повторно настапи во Италија. Парите стигнаа први, резултатите доаѓаат полека.
Единаесет години откако ја соблече униформата, војводата од Сасекс вели дека би бил таму „сто отсто“. Во 2021 година покојната...
Дијагнозата ја добил на 29 години, а Трејси Полан е до него оттогаш. Неговата добротворна вечер во Њујорк годинава собра...
Ги препознала 18-годишна девојка на аеродромот, а дворот потоа рече - приватна посета. Кралското знаме претходната вечер, сепак, се вееше...
Ниту таа ниту сопругот Адам Шулман не потврдија ништо. Доволна беше една прошетка со бебе на градите.
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.