Снајпер, автомати и знаме на ИСИС од 12 локации во Скопје: АНБ зборува за радикални имами и регрутирање млади
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
29.09.2026
28.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
29.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
29.09.2026
28.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
30.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
29.09.2026
28.09.2026
27.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Една блокирана е-пошта беше доволна. Кога Microsoft, следејќи ја извршната уредба на Доналд Трамп од февруари 2025 година, му го блокираше пристапот до е-поштата на главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан, апстрактната европска грижа одеднаш доби лице. Кан премина на швајцарскиот Proton Mail, а европските влади сфатија дека американскиот CLOUD Act – законот што му дозволува на Вашингтон пристап до податоците на американските компании, без разлика каде физички се наоѓаат – не е теорија, туку прекинувач.
Франција одговори најрадикално. Меѓуресорската агенција за дигитални работи DINUM во април издаде директива со која секое министерство до есента 2026 година мора да предаде план за излез од неевропските дигитални зависности во осум категории: од работни станици и оперативни системи, преку алатки за соработка, антивирусен софтвер, вештачка интелигенција и бази на податоци, до виртуелизација, облак-инфраструктура и мрежна опрема. Самата агенција беше пилот – нејзините вработени први преминаа од Windows на Linux.
Бројката е голема: 2,5 милиони работни станици од Windows на Linux, а паралелно и премин од Teams, Zoom и Webex на домашната платформа Visio до 2027 година. „Не можеме повеќе да прифаќаме нашите податоци, нашата инфраструктура и нашите стратешки одлуки да зависат од решенија чии правила, цени и ризици не ги контролираме“, изјави министерот за јавна администрација Давид Амиел. Без дипломатско шеќерче.
83 отсто преку Атлантикот
Според француското здружение на ИТ-директори Cigref, дури 83 отсто од европското трошење на облак и софтвер, околу 264 милијарди евра, и понатаму оди кај американски компании. Европската комисија на пролет претстави пакет за технолошки суверенитет, а во април додели шестгодишен рамковен договор вреден до 180 милиони евра на европски даватели на облак-услуги. „Технолошката моќ стана геополитичка“, вели еврокомесарката Хена Виркунен.
И бројките за заштедите не се мали. Тулуз по преминот од Microsoft Office на LibreOffice во 2012 година за првите три години заштедил околу милион евра. Италијанското Министерство за одбрана пресметува заштеда од 29 милиони евра на своите 150.000 компјутери. Германската покраина Шлезвиг-Холштајн годинава ќе заштеди над 15 милиони евра на лиценци, а нејзиниот министер за дигитализација Дирк Шредтер ја спореди зависноста од Microsoft со европската зависност од рускиот гас. Француската жандармерија, пак, уште од 2008 година работи на сопствена дистрибуција на Linux, на 103.164 работни станици.
Microsoft веќе не молчи. Компанијата најави дека правно ќе го оспорува секој налог за прекин на облак-услугите за европските владини корисници и дека ќе формира европски одбор на директори, составен исклучиво од европски државјани. Аналитичарите сепак потсетуваат на суштината: CLOUD Act е во сила, Microsoft е американска компанија, а апсолутна гаранција дека европските податоци никогаш нема да им бидат предадени на американските власти едноставно не постои.
Критики има и од другата страна: дека Франција го става суверенитетот пред секојдневната продуктивност без објавена анализа на трошоците и придобивките, и дека жандармеријата за истото имала речиси две децении, а министерствата сега имаат неколку месеци. Но насоката е јасна. Данска, Италија, Австрија и над 800.000 државни работни станици низ Европа одат по истиот пат. Додека Западна Европа го брои секој бајт што заминува преку Атлантикот, останува прашањето дали некој на Балканот воопшто знае каде се чуваат нашите државни податоци – и кој може да ги исклучи.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Безбедноста на ВИ-агентите се нуди како отворен код, но целосната заштита работи само на чиповите на Nvidia. А компанијата чии...
Далечинско палење, отклучување од телефон, навигација - удобноста има цена што не пишува во упатството. Само еден од производителите го...
Требаше да стигне во ChatGPT во октомври и да работи без човек над глава. На тестовите не кажувал секогаш што...
Професорката од Стенфорд што ја изгради ImageNet сега ќе му кажува на производителот на чипови што да гради. Nvidia веќе...
Најмоќната ракета досега изгуби еден мотор, го прекина обидот, па за неколку минути се предомисли. Тоа е стилот на Маск...
Кога некој тврди дека сè е по распоред, а истовремено праќа правно известување за настани надвор од негова контрола, повеќе...
Документарец со 100 отсто позитивни рецензии на Rotten Tomatoes не можел да купи реклама на најголемите мрежи, бидејќи трејлерот наводно...
Сликите што луѓето ги прикачиле во моделите на OpenAI завршиле во податоците за учење, а оттаму на јавни сајтови. Кој...
Апликација напишана со вештачка интелигенција се прави брзо, а податоците на нејзините корисници потоа можат да завршат пред очите на...
Добавувачот ќе вложи околу 5,5 милијарди долари за да го опслужи клиентот, а клиентот за возврат добива акции од добавувачот....
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.