Пазарот за украдени лозинки OLVX водел до Голема Речица: МВР ја слави акцијата, а молчи дали има македонски жртви
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
15.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
14.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
14.10.2026
13.10.2026
15.10.2026
13.10.2026
12.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја опиша без задршка: „многу сериозна криминална група“, чиј добар дел „повеќе од 15-тина години го правел тоа што го правел и биле недопирливи за органите на прогон“. Петнаесет години. Таа реченица кажува повеќе за годините пред акцијата отколку за самата акција.
Акцијата се случи на 30 септември, под раководство на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Претреси на 36 локации кај 31 лице, од кои 33 во Прилеп, две во Скопје и една во Струга. Од слобода се лишени 20 лица, а кривична пријава е поднесена против 21, од кои 20 се од Прилеп и едно од Скопје.
Како функционирала мрежата
Според МВР, групата ја создале двајца организатори, Н.В. и М.С., кои од февруари до октомври 2026 година набавувале кокаин и марихуана од лица поврзани со Албанија, Струга, Дебар и Гостивар. Дрогата се чувала во Скопје и Прилеп, а мрежа од препродавачи ја носела до купувачи во Прилеп, Битола, Кавадарци, Неготино, Велес и Скопје.
Ценовникот е објавен до денар: марихуана од 500 до 800 денари за грам, кокаин од 4.000 до 6.000 денари за грам. Препродавачите парите им ги носеле на организаторите и добивале дел како награда. Петмина се товарат и за перење пари: најмалку 4.990.270 денари и 64.670 евра, за кои се сомнева дека потекнуваат од дрога, биле внесени во легалниот платен промет во 2025 и 2026 година.
При претресите се одземени дрога, гасен пиштол, муниција, мобилни телефони, ваги, метална дробилка и метален детектор. Според министерот, пронајдени се и од 120.000 до 130.000 евра во готовина, а одземени се околу десет возила, меѓу кои две „Масерати“ и два „Ленд Ровер“.
Од Халкидики до Шпанија
Тошковски тврди дека дел од групата дејствувал и во Грција, на Халкидики и во Калитеа, каде што се сомничат за тешки кражби, како и во Шпанија. Едно лице кое било во куќен притвор во Шпанија побегнало, а сега го обезбедила македонската полиција. Член на најтесното семејство на еден од осомничените, според министерот, пред неколку месеци бил уапсен во Франција, откако во бункер во неговото возило биле пронајдени 10 килограми кокаин наменети за Македонија.
Но најважната реченица од целата акција не е за кокаинот. Тошковски кажа дека претреси имало и кај полициски службеници за кои постои сомнение дека споделувале информации со членови на групата. Тоа е одговорот на прашањето како една мрежа останува „недопирлива“ петнаесет години. Сега останува следното прашање: колку униформи биле на нивната страна, и дали ќе стигнат пред суд со исто темпо како препродавачите?
Најновите 10 вести од оваа категорија
ФБИ кажа дека биле загрозени илјадници Американци. МВР не кажа ни збор за тоа дали меѓу украдените сметки има и...
Две казни од по осум години чекале додека тој бил надвор од земјата. МВР го фати на граница - но...
Деца без возачка, пијани возачи и луѓе на кои веќе им е забрането да возат. Забраната за управување, излегува, за...
Табли на камен и апел да не се пие. Но што е со водоводот во Смрдлива Вода - тоа соопштението...
Градоначалникот Јовановски се фали со заштеди. Но ако ученичкиот превоз одеднаш чини половина, некој треба да објасни зошто порано чинел...
Меѓу четири и десет илјади слепи и слабовидни - толку прецизно ги брои државата. На Денот на белиот стап, во...
На едната кандидатка ѝ беа покажани коментари со „Цела да е“ под објава на премиерот, другиот се фотографирал на прослава...
Опозицијата одбива или се двоуми, а од Софија стигнува порака дека уставните измени не се репреговараат. Дали премиерот бара партнери...
Во декември - „еден од најдобрите во регионот“. Во мај - договор од 10 милиони евра. До август - раскинат,...
Патник не е автомобил, а 150 електрични автобуси не се 250 колку што бараше Скопје. Министерот ги нарекува „манипулација“ забелешките...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.