Одборот за мир на Трамп остана без пари, само три земји уплатија
11.04.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Izbori vo Ungarija Magjar Orban
Унгарија денеска излегува на избори во атмосфера на голема неизвесност и остра поларизација. За првпат по 16 години, гласачите имаат реална можност да направат промена на власта во земјата чијшто лидер Виктор Орбан најдолго раководи со една земја членка на Европската унија.
Последните анкети покажуваат јасна генерациска поделба која може да биде пресудна за исходот. Според истражувањето на институтот Публикус, партијата Тиса на Петер Маѓар има поддршка од 53% од гласачите кои веќе одлучиле, додека Фидес на премиерот Орбан добива 39%. Меѓу сите испитаници, Тиса води со 38% наспроти 29% за Фидес, додека околу 25% сеуште не одлучиле.
Маѓар успеа да се наметне како главен предизвикувач на Орбан, водејќи кампања фокусирана на борба против корупцијата, модернизација на државата и враќање на Унгарија кон европските вредности. Неговата партија ужива доверба кај мнозинството гласачи под 35 години.
Орбан, од друга страна, се обидува да ја зацврсти својата база со ветување за 14-та пензија, насочено кон најстарите гласачи. „Нудиме сигурност и грижа за највозрасните, додека опозицијата ветува ризични експерименти”, порача премиерот.
Меѓутоа, аналитичарите предупредуваат дека дури и во случај на победа на опозицијата, враќањето на либералната демократија нема да биде ниту брзо ниту едноставно. Во изминатите 16 години, Фидес длабоко се вградил во државниот апарат – од Уставниот суд и врховниот обвинител до медиумскиот регулатор. Без двотретинско мнозинство, новата власт тешко би можела да ги промени уставните механизми преку кои Фидес ја задржува контролата.
Дополнителна неизвесност внесува фактот дека изборите во Унгарија, иако формално слободни, не се целосно фер поради прекроени изборни единици и сомнежи за притисоци во посиромашните региони. Излезноста ќе биде клучна – резултатот зависи од тоа дали младите ќе излезат во доволен број за да ја надминат дисциплинираната база на владејачката партија.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Од ветените 17 милијарди долари за реконструкција на Газа, собрано е помалку од милијарда. Комитетот за управување не може да...
Ирански функционер тврди дека Вашингтон се согласил да ослободи 6 милијарди долари замрзнати средства, директно поврзано со безбедниот премин низ...
Дипломатскиот судир меѓу Киев и Будимпешта прерасна во лична конфронтација, додека Орбан го користи конфликтот како главен предизборен адут.
Американскиот претседател ги објави плановите за она што го нарече најдобриот и најубавиот триумфален лак на светот, инспириран од Триумфалната...
Капсулата Орион слета во Тихиот Океан по речиси 10 дена во вселената, завршувајќи го првото пилотирано патување до Месечината во...
Американската делегација предводена од потпретседателот Венс и иранскиот тим започнаа директни преговори во Пакистан, среде меѓусебна недоверба и спротивставени тврдења.
Американската и иранската делегација пристигнаа во Пакистан за историски преговори.
Четирите астронаути успешно ја завршија првата екипажна лунарна мисија по повеќе од 50 години.
Кубанскиот претседател категорично ги одби барањата на САД, нагласувајќи дека Куба останува суверена држава и ниедна надворешна сила нема право...
Доколку Ормускиот Проток не се отвори во наредните три недели, Европа ќе се соочи со системски недостиг на авијациско гориво,...