Пукаа на веселба во Добридол, полицијата тргна дури откако видеото стана вирално
02.08.2026
02.08.2026
02.08.2026
02.08.2026
02.08.2026
02.08.2026
01.08.2026
02.08.2026
01.08.2026
31.07.2026
02.08.2026
02.08.2026
02.08.2026
02.08.2026
02.08.2026
01.08.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
02.08.2026
01.08.2026
31.07.2026
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Руската страна се согласила да го продаде својот удел во Нафтената индустрија на Србија (НИС), кој изнесува 56,15%, пренесуваат српските медиуми. Информацијата ја потврди српската министерка за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.
Министерката изјави дека преговорите за продажбата веќе се во тек, при што Србија е директно вклучена, имајќи го предвид фактот дека државата е втор најголем акционер со 29,8%.
„Руските сопственици се согласиле да го продадат својот удел. Ние сме информирани и активно ги следиме разговорите, бидејќи е од витален интерес НИС да продолжи да работи успешно. Тоа е клучно за енергетската стабилност на нашата земја“, изјави Ѓедовиќ Хандановиќ.
Министерката посочи дека државата свесно не открива кој е потенцијалниот купувач.
„Станува збор за сериозни деловни преговори. Додека не се финализираат или барем не се усогласат најважните детали, не е професионално да се објавуваат имиња. Ништо не се крие од јавноста – досега сме комуницирале транспарентно“, нагласи таа.
Приоритет на Србија, како што додаде, е рафинеријата да продолжи со работа и што поскоро да се обезбеди нов проток на сурова нафта преку ЈАНАФ.
Паралелно со преговорите за продажбата, НИС преку адвокати во САД поднел барање до американската влада за продолжување на лиценцата за работа.
Целта е компанијата да продолжи со набавка на сурова нафта и непречено функционирање на рафинеријата.
„Сега ја чекаме одлуката на американската влада дали предложениот модел, во кој и ние сме директно вклучени, ќе биде прифатен“, изјави министерската.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Триесет сантиметри делат нормална држава од држава во проблем. А во истото гостување, вината за струјата заврши кај граѓаните што...
Не биле Унгарија и Словачка. Германија, Франција, Италија, Австрија, Грција и Португалија го прекроија пакетот - секоја штитејќи си по...
Зета и Плевља поминаа, најсигурното упориште на просрпскиот блок не. Кога признавањето на Косово ќе се судри со датумот за...
Признава сè и вели дека би го повторил. Обвинителството тврди дека делото го планирал со месеци - а еден режисер...
Судот во Сплит пресуди за злосторства од 1991 до 1995 година. Четиристотини педесет сведоци, три илјади документи - и прашањето...
Скупштината ја поддржа владата на Мацут, а истиот ден се отвори темата предвремени избори. Столот се менува, играчот останува ист.
Подгорица бара виза од 1 ноември, Москва одговара со бројки за туризмот. Секој чекор кон Брисел има ценовник - и...
НИС бара продолжување на лиценцата по 31 јули. Не за нова инвестиција - за да продолжи да постои. Целата геополитика...
Изјава дадена месеци пред избори, за сопствено губење на власта. Србија протестира од настрешницата во Нови Сад која уби 16...
„Го пуштија духот од шишето", вели рускиот претседател за поделбата на српскиот народ. Прашањето не е дали тезата има точка,...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.