Skip to content

КРАДЦИ НА СОНИШТА

0 мин. читање
Сподели
КРАДЦИ НА СОНИШТА

Речиси 21 година, македонските работници одвојуваат дел од своите заработени пари на сопствени пензиски сметки, со надеж дека ќе обезбедат достоинствена и сигурна старост.

Од 2006 година до денес, во вториот пензиски столб се акумулирани околу 3,5 милијарди евра.

Тоа не се пари на Владата, ниту на политичките партии. Тоа се пари заработени со труд, пот, откажувања и години поминати на работните места.

Евентуалното укинување на вториот пензиски столб, доколку подразбира одземање на индивидуалните пензиски заштеди без соодветен надомест, би претставувало кражба на имотот и соништата на над 647.000 граѓани.

Со кое право некој би посегнал по парите што работниците ги акумулирале две децении?

Државата не смее да ги решава своите финансиски проблеми со посегнување по пензиските заштеди на граѓаните.

Да се одземе некому заштедата за старост значи да му се одземе сигурноста во иднината.

Македонија не смее да стане држава на крадци на соништа!