Крива Паланка: 104 пријави за семејството со кравите, а сега и жена со скршена нога
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
22.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
22.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
22.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Во новиот трилер „Heart of the Beast“ Брад Пит е Џејмс Белмонт, поранешен припадник на специјалните сили што преживува авионска несреќа и останува заглавен во дивината на Алјаска со своето борбено куче Один, германски овчар. Филмот на режисерот Дејвид Ејер беше претставен на фестивалот во Сан Себастијан на 22 септември, а во кината тргнува на 25 септември. Само една ситница: Алјаска во него ја нема.
Целиот филм е снимен на Јужниот Остров на Нов Зеланд, со почеток во март 2025 година и база во Квинстаун. Продукцијата бараше планини што можат да глумат туѓа земја – и ги најде на другиот крај од светот.
Езерото Вакатипу и патот до Гленорки
Авантурата почнува во Кинлох, на северниот брег на езерото Вакатипу – долго езеро стиснато меѓу планини, каде Пит ги снимал сцените со хидроавионот. Посетителите таму возат кајак, пловат по езерото или застануваат на видиковците по брегот. Од Квинстаун до Гленорки води панорамски пат од 45 километри по северниот раб на езерото, а видиковецот Бенетс Блаф нуди еден од најдобрите погледи кон Вакатипу и Јужните Алпи. Гленорки има историски пристан во кој се огледуваат планините.
Зад Гленорки, патеката води во долината Парадајс, низ шуми од бука, реки и терен на Јужните Алпи – токму дивината што продукцијата сакала да ја продаде како Алјаска. Тука е и Рутберн, една од големите пешачки патеки, која минува низ ледничките долини меѓу Националниот парк Маунт Аспајринг и Фјордленд.
Планини што изгледаат праисториски
Преку езерото доминира венецот Ремаркаблс. Патот до скијачкиот центар се качува високо и открива карпести врвови, алпски ливади и мали планински езера, а во зима снегот уште повеќе го засилува алпскиот изглед. Северно од Квинстаун и Ванака е Националниот парк Маунт Аспајринг, со истоимениот врв, на маорски Тититеа, висок 3.033 метри, со ледникови долини, реки, влажни шуми и планински венци што изгледаат како од пред човекот.
Милфорд Саунд, каде врнежите се мерат во метри
Круната е Милфорд Саунд во Националниот парк Фјордленд, околу четири часа возење од Квинстаун по патот Милфорд. Патот минува покрај Огледалните езера и низ тунелот Хомер пред да се отвори долината. Над фјордот долг 16 километри доминира врвот Митер, висок речиси 1.700 метри, а водопадите Лејди Боуен и Стирлинг паѓаат директно во водата. Регионот добива околу седум метри дожд годишно, па по силно невреме од карпите се спуштаат безброј привремени водопади. Целата област е дел од Те Вахипоунаму, под заштита на УНЕСКО.
Пит, велат, силно се врзал за Один за време на снимањето. Разбирливо: во филм каде пејзажот глуми цела држава, кучето е единствениот актер што не мораше да се преправа. А колку наши клисури и езера туристичките институции досега сериозно ги понудиле на светот, со иста упорност со која Нов Зеланд ги нуди своите?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Вал Торан ја отвори сезоната на 21 ноември, а снегот трае до мај. Од врвот на 3.200 метри се гледаат...
Тврдина, главна улица и книжарници во стари цркви и подруми. Португалците од тоа направија божиќно село што работи од 27...
Патека од 12 километри до водопад, еврејски кварт од камен и костеново дрво и римски бањи. Шпанска долина што од...
Градот каде што почна Втората светска војна и се роди „Солидарност“ во декември мириса на кувано вино и медени колачи....
Дрезден го отвора 592-риот Штрицелмаркт, а Сибиу е меѓу 12-те најдобри во Европа. Пет адреси за декември надвор од Виена...
Битлси настапиле во Cavern Club 292 пати, а Боно и Еџ го држеле хотелот The Clarence повеќе од три децении....
Каналите, чоколадото и средновековните фасади се таму со векови. Од 20 ноември градот додава лизгалиште, нова легенда за џин и...
Монаси што пеат григоријански корал, буре од илјада ведра вино и езеро каде што гуските слетуваат на зајдисонце, сѐ на...
Додека толпите се туркаат во Фиренца, Арецо го претвора средновековниот плоштад во божиќен пазар со тезги од Тирол, Австрија и...
Во Кенија жирафите доаѓаат на појадок, во Кина хотелот е вкопан во каменолом длабок 88 метри, а во Занзибар спиеш...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.