Мицкоски ја кажа реченицата што Софија не сака да ја слушне: „Имаме билатерален спор“
27.09.2026
27.09.2026
27.09.2026
27.09.2026
27.09.2026
27.09.2026
27.09.2026
27.09.2026
26.09.2026
25.09.2026
27.09.2026
27.09.2026
26.09.2026
27.09.2026
27.09.2026
27.09.2026
27.09.2026
26.09.2026
25.09.2026
27.09.2026
27.09.2026
27.09.2026
27.09.2026
27.09.2026
27.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
27.09.2026
26.09.2026
25.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
До понеделник Владата треба да одлучи дали намалената стапка на ДДВ за дизелот ќе важи уште две недели. Истовремено, барел нафта „брент“ се тргува за околу 105 долари, два долари повеќе од минатиот петок, кога беше околу 103.
Мерките засега го држат дизелот евтин. Покрај намаленото ДДВ за дизелот, акцизата за сите горива е намалена за четири денари. Според платформата fuel-prices.eu, Македонија е меѓу земјите со најевтин дизел во Европа, со просечна цена од околу 1,70 евра за литар. Максималната цена според последната одлука на РКЕ е 104,5 денари за литар.
Споредбата со соседите е поучна. Во Србија и Словенија дизелот чини над два евра за литар, во Грција околу 2,2 евра, во Хрватска околу 1,9. Најскапо се точи во Данска, над 2,5 евра. Кај бензинот, Македонија со околу 1,6 евра за литар е трета најевтина во Европа, по Турција и Шведска.
Цена со рок на траење
Но ниската цена на пумпа не е подарок од пазарот. Таа е државна мерка со рок на траење. На 22 септември РКЕ ја зголеми максималната цена на дизелот за 5,5 денари, а бензините поевтинија за 1,5 денар. Толку брзо светскиот пазар стигнува до нашите пумпи.
А светскиот пазар на дизел е под притисок. Испораките од Блискиот Исток и Русија се намалени, рафинериите произведуваат помалку, а кризата околу Хормузскиот теснец трае. Преговарачите на САД и Иран во Њујорк разгледуваат фазен договор за повторно отворање на теснецот. Додека тоа не се случи, никој не може сериозно да ветува стабилни цени.
Премиерот во неколку наврати најави дополнителни мерки „доколку биде потребно“. Понеделникот ќе покаже дали „потребно“ значи продолжување на намаленото ДДВ или враќање на полната стапка. А прашањето што останува е колку долго буџетот може да го држи дизелот евтин ако кризата не заврши набрзо.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Активистите велат дека сите совети во Струмичко одлучиле да нема рудници - а државата ги впишува во план до 2040...
Во угостителството речиси секое шеснаесетто работно место чека работник. Истовремено, 88.541 човек се води како активен барател на работа.
Сликите што луѓето ги прикачиле во моделите на OpenAI завршиле во податоците за учење, а оттаму на јавни сајтови. Кој...
Тестот што досега го правеа врвни спортисти во лаборатории сега треба да стигне во теретаните, без оператор. Компанијата вели дека...
Апликација напишана со вештачка интелигенција се прави брзо, а податоците на нејзините корисници потоа можат да завршат пред очите на...
Додека европските возачи оставаат околу 203 милиони евра повеќе секој ден само за дизел, литар дизел кај нас е најевтин...
Енергетската заедница потврдува забрзан раст на обновливите извори. Министерката најавува годишни планови за приклучување, а целта до 2030 е 38...
Добавувачот ќе вложи околу 5,5 милијарди долари за да го опслужи клиентот, а клиентот за возврат добива акции од добавувачот....
Производителот на надзвучни авиони сакаше да ги финансира своите авиони со струја за дата центри. Стартниот партнер си замина пред...
Требаше да тргне во производство во 2019, а до купувачите стигна дури сега. Маск не дојде на испораката, а полначите...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.