Нова истрага за газдата на „Пулс“: Обвинителството тврди дека лиценцата ја купил со поткуп
02.10.2026
02.10.2026
02.10.2026
02.10.2026
02.10.2026
01.10.2026
30.09.2026
02.10.2026
02.10.2026
01.10.2026
02.10.2026
02.10.2026
02.10.2026
02.10.2026
01.10.2026
30.09.2026
02.10.2026
02.10.2026
02.10.2026
02.10.2026
01.10.2026
01.10.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
02.10.2026
01.10.2026
01.10.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
На половина час од Рим постои гратче каде што еднаш годишно водата станува вино. Не е чудо, туку обичај стар над еден век: на гроздоберот во Марино, на ридовите Кастели Романи југоисточно од италијанската престолнина, фонтаната на главниот плоштад наместо вода пушта вино.
Гроздоберот, Sagra dell’Uva, годинава се одржува по 102-ри пат. Го започнал поетот и новинар Леоне Чипрели во 1925 година, со идеја на едно место да ги спои бербата, виното и историјата на градот. Виното од фонтаната е дел од фестивалот уште од првото издание.
Фонтана за победата кај Лепанто
Главната ѕвезда е Фонтаната на четирите Мавари на плоштадот Матеоти. Изградена е во 1632 година за да ја одбележи победата на Маркантонио II Колона во битката кај Лепанто – поморската битка од 1571 година во која христијанските флоти ја поразија османлиската. Фонтаната има три нивоа: осум камени сирени долу, четири човечки фигури горе и грб на семејството Колона на врвот. Во Втората светска војна беше оштетена, а потоа обновена и преместена.
Ако планирате, рокот е краток. Главниот момент е во недела, 4 октомври, во 17:30 часот, а втора шанса има во понеделник, 5 октомври, во 18:45. Во неделата програмата почнува со водени тури и верска церемонија со благослов на грозјето во 10:30, а рано попладне по улиците минува историска поворка што го пресоздава враќањето на Колона како командант на папската флота. За време на целиот фестивал работат село со храна и штандови со италијански земјоделски производи. Влезот на прославите, поворките и настапите е бесплатен.
Што уште да видите
Старото јадро на Марино вреди и надвор од фестивалот: Палатата Колона, Базиликата Сан Барнаба, музеите и подземните простори издлабени во вулкански камен. Посебно е светилиштето Митреум, со исклучителна римска фреска на која богот Митра жртвува бик.
Остатокот од Кастели Романи нуди уште три постојки за еднодневен излет: Кастел Гандолфо над езерото Албано, со елегантен центар и папска палата; Неми покрај малото езеро, историски поврзано со култот на Дијана и познато по јагодите; и Фраскати, со историски вили и вина.
До Марино се стигнува со регионален воз од римската станица Термини, или со метро линијата А до Анањина, па со автобусите на Cotral. За време на фестивалот има и дополнителни шатл-линии.
Италијанците од гроздобер направија туристички бренд што трае цел век. Тиквешкиот гроздобер во Кавадарци има своја традиција и свое вино. Колку би требало за и тој да стане причина некој да купи авионски билет?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Еден молец што никогаш не излегол од чаурата ја отвори ерата на стаклото и железото. Од неа останаа стакленик со...
Шпански актер се вратил во Канада децении по патувањето што го направил како дете, по смртта на татко си. Овојпат...
Алгарве не е само плажи. На неполни 20 километри од Фаро има град каде локалите на пазарот мора да купуваат...
Од 28 септември до 6 октомври Париз е писта. А ѕвездите по ревиите бараат стек со бибер, сладолед со вино...
Околу 1.500 жители, 12,9 квадратни километри и пат од седум километри низ туѓа држава. Една од најстарите аптеки во Европа...
Келн, Цирих, Лугано и езерото Комо за една ноќ, со станици во центарот на секој град. Ноќниот воз во Европа...
Камени градови под заштита на УНЕСКО, османлиски чаршии, бункери претворени во музеи и плажи што ги споредуваат со Карибите. Сосед...
Брад Пит преживува во дивината на Алјаска, а камерата цело време стоела на Нов Зеланд. Каде точно - и зошто...
УНЕСКО ја заштити традицијата во 2023, а песната што се пее таму е документирана уште од 1545 и некогаш носела...
Мирафлорес седи на работ на карпи над Тихиот Океан и има церемонијален центар од четвртиот век среде авении. Замислете таков...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.