Крива Паланка: 104 пријави за семејството со кравите, а сега и жена со скршена нога
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
22.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
22.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
22.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Утрото на 4 октомври, на булеварот „Илинденска“ во скопски Карпош, кобила донесе на свет машко ждребе – директно на асфалтот, среде сообраќај. Новороденото животно лежеше на коловозот, со плацентата покрај него, а мајката стоеше над него. Фотографијата што ја објави граѓанинот Игор Паневски за неколку часа се рашири по социјалните мрежи.
Потоа на сцената се појави активистката Билјана Николовска. Таа поминувала по „Илинденска“, застанала и сама го извлекла ждребето на тревата покрај патот. Сама – затоа што, како што напиша на Фејсбук, другите минувачи само застанувале и снимале со мобилните. „Никој да застане, да ми помогне. Едвај го извлеков од сред пат“, напиша таа.
Тогаш почна подолгиот дел од приказната, оној со институциите. Околу еден час подоцна Николовска се вратила и видела дека ждребето сѐ уште лежи свиткано, со затворени очи, без сила да стане. Се јавила во Ветеринарната амбуланта во Автокоманда. Оттаму ја упатиле во ЈП „Лајка“. Во „Лајка“ никој не се јавувал. Бројот на здружението „Анима Мунди“ не бил активен. На крајот успеала да стигне до вработен во Зоолошката градина, по што на терен била испратена екипа.
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека кобилата и ждребето се сместени во карантин, каде ќе добијат нега и стручен третман, и дека екипите на ЗОО реагирале веднаш, иако постапувањето во вакви случаи, како што рече, не е во нивна надлежност. Тој ги повика Агенцијата за храна и ветеринарство и Министерството за земјоделство итно да организираат координирана акција и да се утврди одговорност за експлоатацијата и злоупотребата на животните. „Нема да дозволам ова да остане само уште една вест што ќе се заборави до утре“, порача градоначалникот.
Да ја прочитаме веста уште еднаш, бавно. Ждребето од коловозот го тргна приватна граѓанка. ЗОО реагираше надвор од својата надлежност. Ветеринарната амбуланта ја префрли топката, а во јавното претпријатие задолжено за животни на улица никој не крена слушалка. Сопственикот на кобилата засега не е познат.
Чија е кобилата што се ождреби на булевар во Карпош и како се најде таму? И на кој број, всушност, треба да се јави граѓанин во главниот град кога на асфалтот ќе види новородено животно? Градоначалникот вели дека веста нема да се заборави до утре. Тоа ќе се провери кога ќе се случи следниот ваков случај – и кога ќе се види дали некој ќе крене слушалка.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Законот предвидува повисока стапка за стан што стои празен подолго од шест месеци. Според ДОМ, никој не ги споил податоците...
Најмногу отпад е собран во Центар, најмногу записници се напишани во Чаир. Екипите го собираат она што некој го истоварил,...
Испитниот центар во Битола не работеше, па младите патуваа по возачка во други градови. Повикот за обештетување излезе 19 месеци...
Измамниците се закануваат со казна и суспензија на регистрацијата ако не платиш преку нивниот линк. Претпријатието вели дека тие пораки...
Поранешниот градоначалник на Скопје вели дека немало никаква незгода, само кал, пријатели и кафе по десет минути. Злобните коментатори добија...
Воспитувачи, негователи и психолог преку „Општинско-корисна работа“, на девет месеци. Потребата за грижа е постојана, ангажманот е привремен.
Насловот звучи апокалиптично, а сме над европскиот просек. Бројката што треба да загрижи е помала и потивка: една четвртина помалку...
Претходната стратегија истече со 2025 година, а новата е „неразгледана“ точка на дневен ред. На денот кога пратениците дебатираат за...
Градоначалникот ја чита заштедата како доказ за злоупотреба во минатото. Извештајот на ЈСП нуди пообично објаснување: помалку автобуси во сообраќај,...
Мртви кучиња од исто легло, на отворен јавен простор, едно покрај друго. Отровот што ги убил, предупредува здружението, за пет...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.