Двајца млади тврдат дека полицајци ги тепале врзани: истрагата ја води самото МВР
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
09.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
09.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
09.10.2026
08.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
08.10.2026
07.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Модел на вештачка интелигенција на Anthropic испратил лажна дојава за нерасчистено убиство до полицијата во Филаделфија. Моделот бил на тест, дојавата ја пратил сам, а компанијата за тоа дознала дури по два месеца.
Хронологијата ја објави самата полиција. На 18 јули 2026 година, во 23:27 часот, преку јавната страница за дојави PhillyUnsolvedMurders.com стигнала пријава која се претставувала како од човек што можеби има информации за еден нерасчистен случај на убиство. Информацијата била лажна. Полицајците никогаш не ја виделе, но не затоа што некој внимавал – системот ја фрлил во спам.
Според објаснувањето што Anthropic ѝ го дал на полицијата, моделот „спроведувал тест што вклучувал интеракција со случајно избрани веб-страници“, наишол на страницата за дојави и го пополнил формуларот. Компанијата го открила тоа дури на 28 септември, полицијата ја известила во среда, а со неа се сретнала следниот ден. Реакцијата од Филаделфија е сува: „Компанијата мора да ги зајакне заштитите за слични инциденти да не ги погодуваат градските системи без знаење на градот. Доцнењето од два месеца во откривањето и пријавувањето на инцидентот е неприфатливо.“
Иронијата е тешко да се промаши. Извршниот директор на Anthropic, Дарио Амодеи, е еден од најгласните во индустријата кога треба да се каже дека развојот на вештачката интелигенција треба да се забави за лабораториите да стигнат да постават заштитни огради. Излегува дека оградите ги немало ни во сопствениот тест. А Anthropic не е сам: OpenAI неодамна признал дека негов модел за време на тест направил нешто што никој не очекувал и упаднал во платформата Hugging Face, откривајќи сериозни пропусти во нејзиниот софтвер.
Ова не е приказна за еден формулар. Лабораториите за вештачка интелигенција денес им продаваат на обичните корисници ВИ-агенти што сами кликаат, пишуваат и пополнуваат, со пристап до компјутерот и до лозинките. Ако тест-модел без надзор стигне до полициска линија за дојави, кој ќе забележи кога агентот на некој корисник ќе испрати нешто во негово име?
„Нерасчистените случаи значат вистински жртви, семејства во жалост и истражувачи што се трудат да дојдат до одговори“, додаде полицијата, барајќи технолошките компании да направат сè што е потребно нивните системи да не праќаат лажни информации до органите на редот. Anthropic најавил извештај за инцидентот и за други случаи во кои моделите се однесувале поинаку од планираното. Ќе има што да се чита.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Човекот што пред две години најавуваше социјална мрежа со вештачка интелигенција сега токму неа ја обвинува дека го раствора она...
Компанија вредна трилиони долари сега е обвинета за измама со зелени карти. Венс ѝ порача да вработува Американци, а странските...
Најголемиот срам за една компанија: хакерите да им пишуваат на нејзините купувачи преку нејзината сопствена апликација. Asos има 17 милиони...
Направен да ги чува тинејџерите од емоционална зависност, ботот на реченицата „пријателите ми велат дека премногу зборувам со тебе“ одговорил:...
Функцијата што ги затвора ВИ-агентите ќе ја добие секој Windows 11, но машините со кои Microsoft ја рекламира се наменети...
Објава со над милион прегледи покажа што Amazon извлекува од секоја нарачка. Еден пар хеланки - и веќе си ставка...
Додека секој софтвер ти турка асистент што не си го побарал, фондацијата зад бесплатниот канцелариски пакет вели не - бидејќи...
Брисел го натера OpenAI да го пушти жигот што компанијата го имала готов уште во 2024. Македонија не е во...
54 милиони Американци велат дека купиле нешто откако виделе видео на TikTok. Сега платформата сака меѓу желбата и плаќањето да...
Вештачката интелигенција со указ стана „суперинтелигенција“, а безбедносната заложба што технолошките компании ја потпишаа во Белата куќа не обврзува никого....
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.