Мерки на претпазливост, па притвор: што се смени во обвинителството по нападот врз Сара од Охрид?
17.11.2026
17.11.2026
17.11.2026
17.11.2026
17.11.2026
17.11.2026
17.11.2026
17.11.2026
16.11.2026
16.11.2026
17.11.2026
17.11.2026
16.11.2026
17.11.2026
17.11.2026
17.11.2026
17.11.2026
16.11.2026
15.11.2026
17.11.2026
16.11.2026
15.11.2026
17.11.2026
17.11.2026
16.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Во 1873 година, за околу три години, била изградена железничката пруга Солун–Скопје. Во 1888 година Скопје веќе било железнички поврзано и со Белград. Во 1928 година градот добил аеродром, изграден во период од само неколку години. Во 1926 година работела хидроцентралата „Пена“, а во 1938 година, по околу три години изградба, била завршена хидроцентралата „Матка“.
Уште пред еден век Скопје се развивало како важна балканска сообраќајна раскрсница. Железницата го поврзувала со регионалните трговски центри, авионите го отворале кон светот, а хидроцентралите произведувале електрична енергија.
А денес, со современа механизација, милијардски буџети и европски кредити, Македонија не успева со децении да ги заврши своите најважни инфраструктурни проекти.
Пругата кон Бугарија се гради во различни фази уште од деведесеттите години и сè уште не е завршена. Автопатот Кичево–Охрид започна во 2014 година, а по дванаесет години останува недовршен. Гасификацијата се развива повеќе од три децении, но домаќинствата сè уште немаат пристап до природен гас.
Хидроцентралата „Чебрен“ се планира повеќе од половина век. Новиот клинички центар со години се најавува, но не е изграден. Автопатот Скопје–Блаце сè уште во место, а Македонија, која пред 150 години имала железничка врска со Солун, денес практично нема редовен меѓународен патнички железнички сообраќај.
И секогаш истата приказна.
Пред избори се најавуваат милијарди евра инвестиции, илјадници работни места, нови патишта, модерни железници и енергетска независност. Се објавуваат фотографии од идни проекти, се прикажуваат компјутерски анимации и се ветуваат датуми за завршување.
По изборите следуваат нови студии, ревизии, анекси, дополнителни трошоци и продолжување на роковите. Следната власт ја обвинува претходната, а потоа повторно ги ветува истите проекти.
Така Македонија со децении не избира само нови власти, туку постојано ги слуша истите ветувања за истите незавршени градилишта.
Кој ќе пресмета колку милијарди евра се потрошени? Колку пати се платени дополнителни работи? Колку економски можности се изгубени поради недовршените патишта, железници и енергетски системи? И кој одговара кога роковите се пробиваат со години?
Не е доволно секоја власт да објаснува што не направила претходната. Граѓаните имаат право да знаат што е завршено, колку чинело и зошто некој проект доцни.
Пред 150 години се граделе железници за неколку години. Пред речиси еден век се граделе аеродроми и хидроцентрали за неколку години. Денес проектите траат подолго од мандатите на неколку влади.
И можеби токму тука се крие најголемиот проблем на Македонија: на секои избори ветуваме дека ќе изградиме нова држава, а меѓу два изборни циклуса не успеваме да ги завршиме ниту старите проекти.
Ако вака продолжиме, и на следните избори повторно ќе ни ветуваат пруга кон Бугарија, автопат Кичево–Охрид, гасификација, Чебрен и нов клинички центар. Само годините ќе бидат нови, а ветувањата исти.
Државата не се гради со изборни програми, туку со завршени проекти. А Македонија предолго живее од ветувања за утрешнината, додека не може да го заврши она што го започнала вчера.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Светските финансиски пазари испраќаат сè повеќе предупредувачки сигнали. Златото и среброто бележат драматични падови, акциите на технолошките компании се под...
Битола копа бомби со пиротехничари на договор на дело, Струга купува вода во шишиња, а државата позајмува за да врати...
Еден Македонец го заврши својот најдолг пат, а државата за 2027 планира повеќе пари за старите долгови отколку за новите...
Решенијата за кравите во Крива Паланка чекаат од 2024, а за осомничениот што избега од станица во Битола полицијата вели...
Буџетот дава три пати повеќе за стар долг отколку за инвестиции, Собранието ги потроши прашањата на паузи, а пријавите не...
Стакло од државна зграда падна врз две девојчиња, а рампата на пругата во Скопје не се спушта бидејќи некој ѝ...
Правилата за граѓаните доаѓаат со точен датум, казна и формулар. Ситниот печат на државата се чита дури кога некој ќе...
Премиерот ги одбива изборите со пресметка од пет милијарди евра, пратениците за Алта банка бараат виновник наместо одговор, а грипот...
Во периодот од 2008 до 2025 година, Љубљана реализирала приближно две милијарди евра капитални инвестиции, или просечно околу 111 милиони...
Битолчанец добива притвор дури по второто пијано возење, а власта бриша еден член од законот само откако претседателката го запре....
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.